САРАЕВО – МОСТАР

You are currently viewing САРАЕВО – МОСТАР

Истражете ја убавината на Босна и Херцеговина за 8ми Март ве водиме во Вишеград, Сараево, Мостар, Јабланица, Врело Буна, Босански пирамиди, Врело Босне….

 

06.03.2025 – Состанок на група во 18:00 часот, поаѓање во 18:30 од Битола спортска сала. Патувањето ќе биде преку граничен премин Табановце. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово (доколку има пријавени патници). Ноќно возење низ Србија со попатни паузи и царински формалности.

07.03.2025 – Во утринските часови на околу 20 км после границата со Р.Србија ќе пристигнеме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива на Емир Костурица. Потоа со групата се упатуваме кон разглед на Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање). Прекрасен град каде туристите ќе имаат прилика да крстарат по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот.

По разгледот продолжуваме према САРАЕВО каде прво со локалниот водич се прави прошетка низ центарот на градот, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, плоштадот Маршал Тито Катедралата на светото срце Исусово, црквата Рожденство на Пресвета Богородица итн….

По разгледот се сместуваме во хотел и следува слободно време. Хотелот се наоѓа на одлична локација на само неколку минути до центарот, исто располага со внатрешен базен и спа а наоколу се наоѓаат и трговски центри каде може да го поминете вашето слободно време.

Ноќевање.

08.03.2025 – Појадок. По појадокот се оди према Мостар (факултатива), имаме околу час и половина за возење. Попатно застанување за фотографирање во Јабланица (мостот кај ‘битката на Неретва’). Па се упатуваме кон местото каде што се мешаат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата ќе има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. По разгледите продолжуваме кон МОСТАР. Како град претставува административен центар на кантонот Херцеговина и е изграден покрај реката Неретва. По пристигнување се прави прошетка низ стариот дел на градот, чаршијата, мостот на Неретва. Ќе имате можност за ручек или кафе во автентичен стил во старата чаршија со поглед према “Стариот мост” кој претставува симбол на градот Мостар но и на Босна и Херцеговина. Во договорено време со водичот со групата се враќаме назад во Сараево. Слободно време за прошетки во некој од трговските центри, искачување на највисокиот облакодер во БИХ – Аваз твист кулата или на Башчаршија. Ноќевање.

09.03.2025 – По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.

По завршување на разгледот на Босански пирамиди продолжуваме према Врело Босне едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево покрај Илиџа во подножјето на планината Игман на површина од 603 хектари. Врело Босне е јавен парк и заштитен споменик на природата. Следува слободно време за кафенце покрај изворите на реката Босна.

 

По посетата се упатуваме кон Македонија со што патниците кои не доаѓаа на факултативата ќе бидат информирани од водичот за место и време на поаѓање од Сараево. Откако ќе се собере цела група продолжуваме према Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

Цена: 129 еу или 7,998 денари

 

Во цената е вклучено:

  • Сместување во хотел HOLIDAY 4* во Сараево / 2 ноќевања со појадок
  • ЛИНК ДО ХОТЕЛОТ (https://www.hoteleuropegroup.ba/ba/holiday)
  • Користење на внатрешен базен, спа, теретана
  • Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Велес,Скопје,Куманово)
  • Tуристички придружник за време на целото патување
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Посета на Вишеград
  • Посета на Андричград

Во цената не е вклучено:

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВА МОСТАР (со локален водич) – ЈАБЛАНИЦА – ВРЕЛО БУНА – 60 ЕУ

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВА БОСАНСКИ ПИРАМИДИ И ВРЕЛО БОСНЕ – 35 ЕУ

КРСТАРЕЊЕ ПО ДРИНА – 10 ЕУ

  • Патничко осигурување (Информации во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра по лице по ден која се плаќа задолжително во автобус

 

НАПОМЕНА!!!

* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.

* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.

* Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.

* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.