УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА

You are currently viewing ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА

Програма

1
1 ден: среда (24.05.2023) СКОПЈЕ – ПРАГА:
    Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.
2
2 ден: четврток (25.05.2023) ПРАГА:
    Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско и пешачко разгледување на градот со локален туристички водич (10 евра по лице): Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за факултативно крстарење по реката Влтава (20 евра по лице). Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден: петок (26.05.2023) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА:
    Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет (35 евра) во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората Св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден: сабота (27.05.2023) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ:
    • Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
    Пристигнување во Скопје во утринските часови на 28.05.2023 (недела).

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618 ден. ДО 10.04.2023
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕВРА / 9858 ДЕН.

Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во околина на Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река и Велес
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
– Факултативен излет на Дрезден – 35 евра
– Крстарење по реката Влтава -20 евра
– Трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Штип со доплата од 15€, Велес – доплата од 10€ по лице во два правци
– Задолжителна туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување – 5 евра

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација потребна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ

%d bloggers like this: