Oсигурување од одговорност

You are currently viewing Oсигурување од одговорност

1) Општа одговорност

Предмет на осигурувањето од одговорност претставува законската одговорност на осигуреникот за штета што предизвикала смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на предмети на трети лица. Покриени се штети кои ќе настанат од Вашата дејност и активност, од поседување на објекти и предмети, од правен однос како извор на опасност. Воедно, покриени се штети кои се последица од закуп или плодоуживање на земјиште, згради и простории кои се користат за одвивање на дејноста.Ако посебно се договори со ова осигурување може да се покрие :

  • кражба и исчезнување на предмети;
  • загадување на вода и тло;
  • користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на : земјиште, згради и простории, коишто се користат исклучиво за потребите на осигурена дејност или занимање;
  • одговорност на инвеститор и изведувач на градежни работи;
  • чисто имотна штета.

2) Професионална одговорност

Ова осигурување ги покрива оштетните побарувања на нарачателот на услугите, а кои настанале поради стручна грешка на осигуреникот во вршењето на регистрираната дејност и за кои осигуреникот одговара врз законска основа. Осигурувањето од професионална одговорност ги покриве следниве подкласи:

  • Осигурување од одговорност од дејност на сметководители
  • Осигурување од одговорност од лекарска грешка
  • Осигурување од одговорност од дејност на нотари
  • Осигурување од одговорност од дејност на адвокати
  • Осигурување од одговорност од дејност на ревизори
  • Осигурување од одговорност од дејност на стечајни управници
  • Осигурување од одговорност од дејност на геодети
  • Осигурување од одговорност од дејност на проектанти
  • Осугурување од одговорност од дејност на изведувачи на градба
  • Осигурување од одговорност од дејност на изведувачи на монтажа
  • Осигурување од одговорност од дејност на туристички агенции

osigurtelni-kompanii