Вила Димитра – НЕДЕЛА

You are currently viewing Вила Димитра – НЕДЕЛА

Вила Димитра – Калитеа 2025

ОПИС:

Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Можност за паркирање има на самата улица  како и на 40м одалеченост од вилата каде  има бесплатен паркинг.
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, (клима со доплата 5еур на ден на лице место) и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат.
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен толатет и балкон или тераса, тв, клима со доплата и wi-fi.
Петтокреветното студио располага со едноспален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима со доплата и wi-fi.

ВАЖНA НАПОМЕНА:  За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

  • Check in:    14:00h.
  • Check out:  09:00h.

ЛОКАЦИЈА:  40°04’31.8″N 23°26’40.8″E

ПОПУСТИ:

-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 18.02.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 25.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2025

ЦЕНОВНИК:

ВИЛА ДИМИТРА – КАЛИТЕА    
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА    
Период Сутерен 1/3 студио за 3л.   1/3 студио за 3л.   1/4 студио за 4л.  1/5 студио за  5л. 1/5 за 5л. Коме.
18.05-25.05 109 119 129 139 139 Промо
25.05-01.06 129 139 159 179 169 Промо
01.06-08.06 189 209 219 249 229 Промо
08.06-15.06 299 309 329 359 319  
15.06-22.06 349 359 369 399 339  
22.06-29.06 429 439 459 479 409  
29.06-06.07 499 509 529 559 469  
06.07-13.07 529 539 549 599 499  
13.07-20.07 629 639 649 689 509  
20.07-27.07 659 679 689 709 569  
27.07-03.08 689 709 729 759 579  
03.08-10.08 689 709 729 759 579  
10.08-17.08 689 709 729 759 569  
17.08-24.08 689 709 729 759 409  
24.08-31.08 499 509 519 539 369  
31.08-07.09 359 369 389 449 349  
07.09-14.09 289 299 329 379 209 Промо
14.09-21.09 239 279 299 319 179 Промо
21.09-28.09 209 229 219 239 129 Промо

Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мк

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
При резервации се уплаќа аванс од 50% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,
  • Интернет (Wi-fi) – за брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,
  • Паркинг
  • Патничко осигурување,
  • Клима –  5 евра на ден (се плаќа во објектот),
  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во објектот).

ПРЕВОЗ:

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики- Недела време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04:00 50 €
Велес – (Кружен Тек на Влезот-Бензиска Макпетрол)  04:30 50 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 65 €
Неготино – бензинска, Неготино 05:00 50 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 50 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики – Недела време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 45 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 45 €
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02:15 55 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02:30 55 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03:15 55 €

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

Напомени:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин, (ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ САМО ЗА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)

  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра по куфер.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

СЛИКИ:

Важат Општите услови на СКТМ и ТА МИГ ТРАВЕЛ