Вила Александрос – Лето на Крф 2025

You are currently viewing Вила Александрос – Лето на Крф 2025

 На нашата листа на дестинации го имаме ИПСОС, дестнација за која држиме рекорден број на патници! Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.

/ЗА ЦЕНИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ  047/512-512    076/296-296

Што е вклучено во цената

  •  Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Александрос (цени по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

  •  Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима
  • Туристичка такса (14 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително во автобус)
  • Повратен билет за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Вила Александрос

     

    Вила Александрос се наоѓа на островот Крф, во излетничкото место Ипсос. Сместена на 400 метри од плажата каде што се наоѓа AБ МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со 2, 3, и 4 креветни студиа. Три од студиата се со брачен кревет, останатите се со единечни кревети. Сите студиа се опремени со мини кујна, фрижидер, тоалет и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор. Сите студиа се распоредени на ниско приземје и прв кат, Дрвена двокреветна куќичка која што е во истиот двор, Анекс со 2 и 3 кревета и еден четирикреветен мезонет.

    Во објектот нема лифт.

  • Важно

    Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона

    • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
    • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
      CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
      CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
    • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
    • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
    • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
    • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
    • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
    • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
    • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
    • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
    • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
    • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
    • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
    •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
    • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)