ПРОЛОМ БАЊА

ПРОЛОМ БАЊА

Пролом Бања 8-ми Декември

 

Прв ден: 06.12.2020 (недела) 

Состанок на групата наутро во 05.00 часот во Кавадарци, 06:30 во Скопје и 07:00 часот во Куманово и тргнување за Србија преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања и сместување во Хотел ’Радан’. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности и време предвидено за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

Втор ден: 07.12.2020 (понеделник)

Појадок. По појадокот заминување на организиран претпладневен излет со локален туристички водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди и прошетка до црквата ’Лазарица’. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден  08.12.2020 (вторник)

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Македонија со попатна посета на Врање и можност за прошетка, индивидуален ручек и шопинг. Пристигнување во попладневно-вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 7.990 денари

 

Деца до 9 години – ГРАТИС

Деца  9 – 13,99 год. – 50% од цената

(условите за деца важат исклучиво со 2-ца возрасни во соба)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

–        Превоз со високо туристички автобус (50% пополнетост на автобус по протокол)

–        Сместување во Хотел Радан 3* – 2 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера)

–        Секојдневно користење на Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи со термална вода

–        Користење на внатрешен базен

–        Користење фитнес сала и сала за рекреација (билијард, пинг понг, тенис, пикадо)

–        Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич

–        Организирана прошетка до црквата ’Лазарица’ со локален водич

–        Туристичка такса

–        Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

–       Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)

–       Можни индивидуални трошоци

 

 

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Сансет Травел и МИГ Травел.