УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-СИРМИОНЕ

You are currently viewing МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-СИРМИОНЕ

Програма

1
Прв ден – 08.12.2022 (ЧЕТВРТОК)
    Состанок на групата на Дрводекор во 11:30, поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
2
Втор ден – 09.12.2022 (ПЕТОК)
    Пристигнување во Милано во утринските часови. Разглед на Милано со лиценциран локален водич: Sforcesco Cаstle ,,Pizza de Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот ДУОМО – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време или организирано излегување во договор со групата. Ноќевање.
3
Трет ден – 10.12.2022 (САБОТА)
    Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
4
Четврт ден – 11.12.2022 (НЕДЕЛА)
    Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 12.12.2022 – понеделник.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА за уплата до 05.11.2022

Во цената на аранжманот е вклучено:
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во околина на Милано
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Посета на Сирмионе
– Посета на трговскиот центар Палманова
– Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна река (Сирково), Велес, Штип и Куманово

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Разглед на Милано со водич 20 €
– Посета на Лугано и Комо 20€
– Крстарење по езерото Комо 20€
– Патничко осигурување
– Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5€ по лице од ден
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење)  55 евра по лице (со резервација во агенција)

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Миг Травел

%d bloggers like this: