Сместена покрај азурните води на Егејското Море, Кавала е скриен скапоцен камен што го доловува срцето на секој патник. Со своето неверојатно крајбрежје, богата историја и живописна култура, овој живописен град е дестинација што мора да ја посетите за секој што бара убавина и авантура.
Истражете ја иконската тврдина Кавала, каде што можете да шетате низ древните ѕидини и да уживате во неверојатниот поглед на градот и морето. Не пропуштајте го импресивниот аквадукт, доказ за римското наследство на градот!
Програма
1
Ден 1: 07.12.2024 (сабота)
- Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот од Дрводекор. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативна вечера во ресторан во Кавала. Враќање во хотел. Ноќевање.
2
Ден 2: 08.12.2024 (недела)
- По појадокот се упатуваме на факултативна посета на градот Драма каде групата ќе има можност да го посети едно од најпознатите Божиќни села во Грција. Слободно време за индивидуални активности и можност да се пробаат божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп). Посета на Лидл. Во договорено време враќање назад во Кавала. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3
Ден 3: 09.12.2024 (понеделник)
- Појадок, по појадокот слободно време за индивидуални активности. Во договореното време тргнување назад за Македонија.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 139 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на дадената релација
– 2 ноќевања со појадок во Hotel Oceanis 3* (https://www.oceaniskavala.gr/en/)
– Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Целодневна факултативна посета на Драма и Божиќниот маркет – 20 евра
– Вечера во ресторан (цена наскоро)
– Задолжителна туристичка такса 2,5 евра по лице
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
– За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
– Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето со С. Македонија.
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ