Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!
Прекрасна обала, убаво море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и нејзината ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од
Програма
1
Ден 1 – 28.03.2025 (петок)
- Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
Ден 2 – 29.03.2025 (сабота)
- Пристигнување во Будва во попладневните часови. Сместување во соби во центарот на Будва. Во договореното време прошетка низ Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3
Ден 3 – 30.03.2025 (недела)
- Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Враќање во Будва.Слободно индивидуално време. Ноќевање.
4
Ден 4 – 31.03.2025 (понеделник)
-
- Одјавување од вилата и поаѓање на факултативна посета на Котор и Пераст.
-
- Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смеете да го пропуштите. Се наоѓа во затскриен дел на Которскиот залив. Воодушевувачките градски ѕидини говорат за историјата на градот кој и денес зрачи со духот на антиката, изграден помеѓу 12 и 14 век. Од 1979 година стариот град Котор е на списокот на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Тој е дом на бројни знаменитости, како што е катедралата Свети Трифун во стариот дел на градот, изградена во 1166 година и античките ѕидини кои се протегаат на 4,5 километри директно над градот и водат до тврдината Свети Иван. Котор претставува една од најпопуларните туристички дестинации во Црна Гора, а рекордна посетеност забележа во 2019 година кога имало над 250.000 туристи. Стариот град всушност е најпознатиот дел на Котор, каде се зачувани которската историја, култура и традиција, а посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи.
-
- По посетата на Котор, се упатуваме кон Пераст.
-
- Пераст изгледа како парче од Венеција што пловело по Јадранот и се закотвило во Которскиот залив. Пераст е сместен во подножјето на ридот Свети Илија во Которскиот залив. И покрај тоа што има само една главна улица, овој мал град може да се пофали со 16 цркви и 17 поранешни големи палати. Тивок и величествен – Пераст, еден од скриените бисери на Црна Гора гарантираме дека ќе Ве освои на прв поглед. Слободно време за индивидуални прошетка.
-
- Во договорено време, поаѓање кон Македонија.
ПРОМО ЦЕНА: 99 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на наведената релација
– 2 ноќевања во апартманско сместување во Будва
– Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на Дубровник – 30 евра (задолжително е носење на пасош)
-Факутлативна посета на Пераст и Котор – 15 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
– За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
– Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– За ова патување потребна е валидчна лична карта додека за влез во Хрватска потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел ТА МИГ ТРАВЕЛ