БУДВА НОВА ГОДИНА

You are currently viewing БУДВА НОВА ГОДИНА

1.Ден 30.12.2021 – Организиран превоз од повеќе градови. Планирано поаѓање од Битола и Скопје во 23:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2021 – Пристигнување во Црна гора во утринските часови, попатно застанување на видиковец кај Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути. Поаѓање према Будва. Сместување во апартмани. Во договор со водич се посетува стариот град во Будва. Вечерта дочек на НОВА ГОДИНА  на плоштад СО ЏИБОНИ. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2022 –После дочекот на најлудата ноќ ќе имате доволно слободно време да се одморите. Во пладневните часови постои можност да го посетите градот КОТОР. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Во договорено време состанок со групата и враќање во Будва. Вечерта втора реприза на плоштад со ЛЕПА БРЕНА И ПЕТАР ГРАШО. Ноќевање.

4.Ден 02.01.2022 – Одјавување од апартманите во 08 часот. Поаѓање према Херцег Нови, околу час и половина имаме возење со автобус и траект во градот кој ќе ве освои на прв поглед. Според легендата многу одамна неколку рибари ја спасиле самовилата Акима, која во знак на благодарност го благословила градот и посакала во него постојано да цветаат цвеќиња. Така, кога цела Црна Гора е под снег, во јануари и февруари во Херцег Нови цветаат мимози. Околу 2 сати ќе бидеме во Херцег Нови па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет, едноставно ќе уживате во новогодишниот амбиент. Во договорено време враќање во Будва. Собир со патниците кои не доаѓаат на факултативата. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 69 еу

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • ПАКЕТ ХЕРЦЕГ НОВИ + ТИВАТ – 20 ЕУ (вклучен превоз со автобус и траект)
  • КОТОР – 15 еу (вклучен превоз со автобус)
  • Задолжителна туристичка такса 1еу по ден

доплата за еднокреветна соба + 30 еу

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен еминимум од 40 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување