8-ми Декември во ЗЛАТИБОР
(Со посета на Сирогојно и Дрвенград)
Прв ден: 05.12.2020 (сабота)
Состанок на групата навечер во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.
Втор ден: 06.12.2020 (недела)
Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато низ светот. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Вечера. Ноќевање.
Трет ден: 07.12.2020 (понеделник)
Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и познатата златиборска пршута и кајмак. Вечера. Ноќевање.
Четврти ден: 09.12.2020 (вторник)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања за прошетка по познатата Променада, индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 6.510 денари
Цената на аранжманот вклучува:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (50% пополнетост на автобус по протокол)
– Две ноќевања со појадок и вечера во Вила Јелена
– Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода
– Посета на Врњачка Бања
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
– Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
– Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)
– Туристичка такса која се плаќа во хотел – 2 евра по лице за двете ноќи
– Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 30 патници.
Програмата е преземена од Сансет Травел, и за истата важат општите услови на патување на МИГ Травел и СКТМ