РАЈСКИОТ ОСТРОВ ЗАНЗИБАР

РАЈСКИОТ ОСТРОВ ЗАНЗИБАР

РАЈСКИОТ ОСТРОВ ЗАНЗИБАР

09.0– 20.03.2020

9 ноќевања во Coral Reef Beach Resort + авионски превозод СКОПЈЕ + трансфер

Занзибар – дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини.
Од моментот кога ќе зачекорите на Занзибар, ќе го почуствувате духот низ столетијата од древната Персија и приказните за Ширази трговците кои биле инспирација за морепловецот Синбад.
За повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови.  Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди искуство притоа задоволувајќи ги сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат туристи од целиот свет. Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за релаксација и бегство од секојдневието. Овде имате шанса да уживате во бистра и тиркизно сина вода, долги песочни плажи и многу мали но речиси пусти острови со недопрена природа, сеуште неоткриени од страна на туристите. Камениот град (Stone City) кој  e прогласен за културно наследство на УНЕСКО, е место каде талкајќи низ тесните улички ќе ја откриете магијата на Танзанија.

ПРОГРАМА 

1 ден 09.03.2020 (Понеделник) Скопје – Доха

Состанок на групата на меѓународниот аеродром во Скопје, во 09:55 часот. Полетување кон Доха во 11:55 часот и слетување во 18:35 часот.

2 ден 10.03.2020 (Вторник) Доха – Занзибар

Полетување од Доха кон Занзибар 02:20 часот. Пристигнување во Занзибар во 08:20 часот локално време. Пречек од страна на локалните партнери во Занзибар и трансфер до хотел Coral Reef Beach Resort 3*; (или сличен). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 11.03.2020 (Среда) Занзибар

Појадок во хотел. Слободен ден за уживање на тропскиот остров или избор на факултативен излет од широката палета на екскурзии кои ги нуди нашата партнер компанија. Вечера во хотел. Ноќевање.

4-10 ден 12.03-18.03.2020 | Занзибар

Појадок во хотел. Слободно време за релаксација на песочните плажи или активностите од хотелот или факултативни излети. Вечера во хотел. Ноќевање.

11 ден 19.03.2020 (Четврток) Занзибар – Доха

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности до предвиденото време за трансфер до аеродромот во Занзибар за лет кон Доха. Полетување кон Доха во 17:15 часот. Пристигнување во 23:25 часот.

12 ден 21.03.2020 (Петок) Дубаи – Скопје

Полетување од Доха кон Скопје во 07:30 часот. Пристигнување во Скопје во 10:55 часот.

ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ 

-150 € ПОПУСТ ЗА ПРВИТЕ 4 МЕСТА!

Хотел Услуга Термин Цена по лице во двокреветна соба
Coral Reef Beach Resort 3*          Појадок  
 Појадок и вечера
09.03-20.03.2020 1140€
1290€

***можност за плаќање на 12 или 24 месечни рати со 0% камата***

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Доха-Занзибар-Доха-Скопје со авиокомпанијата Qatar Airways;;
  • Аеродромски такси;
  • Рачен багаж до 7кг;
  • Чекиран багаж до 30кг;
  • 9 ноќевања според изборот на услуга, во хотел Coral Reef Beach Resort 3*; (или сличен);
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Занзибар;
  • Претставник од локалните партнери во Занзибар.

Во цената на aранжманот НЕ е вклучено:

  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција)
  • Индивидуални трошоци;
  • Влезна виза за Занзбар – 50 американски долари (се плаќа на аеродромот во Занзибар – најчесто бараат уплата со картица, како и фотографија во пасошки формат на бела позадина);
  • Туристичка такса во хотел – 1 американски долар по лице од ноќ;
  • Факултативни екскурзии.

Корисни информации:

  • За влез на територијата на Танзанија (вклучувајќи го и Занзибар) за државјани на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, потребна е виза при што истата се добива на на влез во државата (на аеродром). Цената на визата изнесува 50 американски долари и најчесто се уплаќа со картица (при патување директно во Занзибар). На аеродромот се пополнува формулар со основни информации при што се приложува и слика на бела позадина во пасошки формат (3.5 x 4.5). Визата се издава со рок на важност од 3 месеци;
  • На територијата на Танзанија не постои Македонска амбасада;
  • Предлагаме да понесете копија од Вашиот пасош;
  • Временската зона во Танзанија е UTC + 3, односно во текот на зимскиот период разликата со Македонија е 2 часа, а во текот на летниот период е 1 час;
  • Водата во Танзанија (вклучувајќи го и Занзибар) не се користи за пиење (користете флаширана вода, дури и при орална хигиена);
  • За патување на Танзанија (вклучувајќи го и Занзибар) не е потребна медицинска имунизација (ниту една вакцина не е потребна);
  • Не е потребно користење на лекови против маларија, но сепак консултирајте се со Вашиот доктор (имајте предвид дека лековите против маларија не заштитуваат 100% од истата и можно е да имаат несакани дејства);
  • Од лекарства можете да понесете лекови за редовна терапија, пробиотици, лекови за намалување на температура, против болки, односно лекови кои генерално ги носите со Вас при секое патување, како и задолжително крема за сонце и средства против комарци (Аутан);
  • Задолжително патничко осигурување – информации во агенција;
  • Танзанија и Занзибар се безбедни дестинации, доколку се придружувате кон одредени правила. Не се препорачува движење во вечерни часови и во текот на ноќта, бидејќи пред се станува збор за сиромшни и неразвиени подрачја. Не е препорачливо да имате на себе скапоцен накит;
  • Избегнувајте продавачи на опојни средства, бидејќи истите се забранети и нелегални;
  • Совет при фотографирање: Доколку сакате да сликате некој од локалните жители, морате претходно да побарате дозвола од истите;
  • Климата во Танзанија и Занзибар се одликува со високи температури (просечна максимална дневна температура 28-33 степени, ноќна околу 15 до 20 степени), пропратени со висока влажност, а сончевите зраци се прилично силни бидејќи се работи за подрачје околу екваторот. Може да дојде до снижување на температурите поради што препорачуваме и облека со долги ракави/ногавици. Врнежлив период е од март до јуни, но врнежи може да се појават и во текот на другите месеци;
  • Плима и осека – На Занзибар плима и осека се често изразени, така што при појава на осека не е возможно капење, додека при појава на плима (2 пати дневно) можете да уживате во вода, која најчесто е прилично топла;
  • Традиционалната храна во Танзанија содржи пилешко, говедско (во вид скара или гулаш), ориз, зеленчук и овошје, а на Занзибар морски плодови и Риба. Улична храна не се препорачува (пред се бидејќи се работи за подрачје во кое ваквиот тип на храна не е традиција). Препорачуваме миење на овошје со флаширана вода;
  • При патување во Танзанија и Занзибар се препорачува летна и лесна гардероба, но секако имајте со себе и топла облека, пред се поради времето поминато во авион, но и поради тоа што се случува намалување на температурите (во текот на ноќните часови, посебно на Занзибар). Облека со долги ракави/ногавици се препорачува пред се поради заштита од комарци. При посета на градот Stone Town се препорачува пристојна облека бидејќи се работи за место во кое преовладува муслиманско население. 
  • При сафари екскурзија се препорачува облека со светли бои (избегнувајте темни бои, црни, темно плави или флуроцентни), облека со долги ракави/ногавици поради можност за смалување на температурите под 15 степени во националните паркови, шешир, капа, наочари за сонце како и марама како заштита од вдишување на прашина;
  • Валутата која се користи во Танзанија е Тајландски шилинг (TZS) – 1USD = 2180 TZS. Препорака е со себе да носите долари, исклучиво печатени од 2006 година и понови. Во Танзанија и Занбира има банкомати но не препорачуваме нивно користење бидејќи не се лесно достапни. Не во секое место можете да плаќате со картица – Консултирајте се со Вашата банка за совети и пријавете заминување во странство во случај картиците да не Ви бидат блокирани од страна на банката. Во некој случаеви можете да плаќате и со долари, но имајте ситни пари бидејќи во тој случај го сметаат доларот околу 2000 TZS. При купување на плоштадите, продавници за сувенири или улични продавачи секогаш ценкајте се, бидејќи тоа е традиција, како и оставање бакшиш;
  • Мрежата на нашите мобилни оператори функционира скоро во сите делови на Танзанија, односно во големите градови. На Занзибар постои можност да воошто немате мрежа. Сите објекти располагаат со безжичен интернет;
  • Напонот на електричната енергија е ист како и во Македонија, но потребни се адаптери со 3 влеза, како во Велика Британија. Ваков тип на адаптери неможете да обезбедите на лице место!;
  • Забренето е изнесување на школки, корали и минерали како и друг вид предмети од природата;
  • На Занзибар внимавајте на морски ежови, медузи и кокосови плодови;
  • Доколку сакате да изнајмите моторцикл или автомобил на Занзибар, потребно Ви е меѓународна возачка дозвола како и дозвола која мора да ја извадите на Занзибар, во надлежна полициска станица. 

Оваа програма е во реализација на АтлантиС!

Услови за резервација:

  • Уплата на депозит од 50% при резервација и целосна доплата најдоцна 45 дена пред реализација на аранжманот;
  • Понудата е валидна при минимум 16 пријавени патници;
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации;
  • Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Патничко осигурување.

Факултативни екскурзии – НАСКОРО!

Рокови за отказ на аранжманот од страна на корисниците на услугата и пенали:

  • Над 60 денапред датумот на реализација се задржува износот на уплатениот депозит;
  • Помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на реализација се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

*Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)