Загреб – Божиќен базар

You are currently viewing Загреб – Божиќен базар

 

Загреб – Божиќен базар – Програма на Тура
Ден 1

09.12.2021 – четврток

Состанок со групата и поаѓање за Загреб во вечерните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

Ден 2

10.12.2021 – петок

Пристигнување во претпладневните часови во Designer Outlet Croatia. Отворен во јуни 2018 година, Designer Outlet Croatia нуди повеќе од 100 брендови за мода со попуст од 30-70%, во текот на целата година.Изграден е на површина од 15.500 квадратни метри во стилот на селската архитектура, инспирирана од типичниот хрватски дизајн на куќи од Загреб, Славонија, Истра и Далмација. Слободно време за шопинг, кафе пауза, храна… Во договорено време продолжуваме кон Загреб. Сместување во хотел. Слободно време а во вечерните часови се упатуваме кон центарот на градот за да ја почувствуваме предновогодишната магија.Индивидуално враќање во хотел Ноќевање.

Ден 3

11.12.2021 – сабота

Појадок во хотел. Разглед на градот : Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрани. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот или може да се упатите во некои од познатите трговски центри каде Ве очекуваат предновогодишни попусти.Вечерта е повторно пред Вас за уживање во прекрасниот Загреб.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4

12.12.2021 – недела

Појадок во хотел. Одјавување од хотел.Заминување кон Македонија според договорено време со претставникот од агенцијата. Патување со попатни паузи за одмор, пасошки и царински формалности. Пристигнување во Македонија околу полноќ.

Цена на аранжманот: 119евра 

Дополнителни информации

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на релацијата по програмата;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Загреб, на база 2 ноќевања со појадок;
  • Разглед на Загреб;
  • Посета на Designer Outlet Croatia
  • Туристички придружник од агенцијата;
  • Организација од туристичка агенција.

 

Во цената не е вклучено:

  • Лични трошоци
  • Патничко осигурување.

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.