ВРЊАЧКА БАЊА

ВРЊАЧКА БАЊА

ВРЊАЧКА БАЊА – КРАЛИЦА НА БАЊСКИОТ ТУРИЗАМ

8-ми Декември

 

Прв ден: 06.12.2020 (недела)

Состанок на групата наутро во 03.30 часот во Кавадарци, 05:00 во Скопје и 05:30 часот во Куманово и тргнување кон Врњачка Бања со попатни паузи за царински формалности и одмори. Пристигнување во Врњачка Бања  во претпладневните часови. Слободно време за разглед и прошетка низ центарот на Врњачка Бања, време за индивидуален ручек и слободни активности. Сместување на групата во хотел „Zepter 4*”, во двокреветни соби, кој се наоѓа на извонредна локација  во строгиот центар на Врњачка Бања. Слободно попладне за индивидуални активности и користење на СПА центарот на хотелот (внатрешен базен, сауна,џакузи …). Вечера. Ноќевање.

 

Втор ден: 07.12.2020 (понеделник)

Појадок. По појадокот можност за користење на базенот со термална минерална вода во хотелот. Слободен ден за индивидуални активности и прошетка по познатата Променада, можност за шопинг во многуте продавници и посета на прочуениот пазар каде што можете да купите познати млечни производи од домашно потекло. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 08.12.2020 (вторник)

Појадок. Слободно време за прошетка и шопинг до тргнување. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врање за прошетка, индивидуален ручек и шопинг. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена: 7.370 денари по лице

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

–        Превоз со туристички автобус на наведената релација (50% пополнетост на автобус по протокол)

–        Сместување во Хотел Zepter 4**** на база 2 полупансиони (појадок и вечера) во двокреветни соби

–        Wi-Fi интернет

–        Користење на СПА центарот на хотелот (внатрешен базен со термална минерална бања, сауна и џакузи)

–        Посета на Врање

–        Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

–        Туристичка такса 150 денари по лице за две ноќи (се плаќа во агенција)

–        Индивидуални трошоци

–        Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)

 

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Сансет Травел и МИГ Травел.