Вила Зевс – Ипсос 2022

You are currently viewing Вила Зевс – Ипсос 2022

Вилата Зевс се наоѓа на 400метри од плажата во Ипсос, во мирниот дел на туристичкото место Пирги. Вилата Зевс е голем комплекс од два објекта кои се опкружени со природа, цвеќиња и зеленило, а во неговиот двор се наоѓа прекрасен базен и лежалки за гостите. Студијата располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, телевизор, ви-фи интернет. Студијата располагаат и со клима уред кој може да се користи со доплата од 5 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје и прв спрат, секое со сопствена тераса.