Вила Лица – Полихроно 2024- ЧЕТВРТОК

You are currently viewing Вила Лица – Полихроно 2024- ЧЕТВРТОК

Апартмани “Лица” – Полихроно 2024

На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.

ОПИС:

Вила Лица располага со апартмани за 3 и 4 лица. Сите сместувачки единици се наоѓаат на високо приземје и се состојат од дневна соба со единечен кревет и опремена кујна, спална соба со брачен кревет (грчки) и единечен кревет, бања, тераси.
Вила Лица се наоѓа на одлична локација, на 50 м од песочна плажа, во центарот на Полихроно.

Сместувањето е идеално за 3 возрасни и дете до 7 г или 2 возрасни и 2 деца до 12г

Важна напомена:

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи. Агенцијата не е одговорна за брзината на интернетот или јачината на сигналот поради технички проблеми.

  • Check in:    14:00h.
  • Check out:  09:00h.

Адреса и Gps: 
Litsa appartments
Polichrono 630 85, Greece
40.017507, 23.527616

ПОПУСТИ:

-15% попуст за резервација со 50% уплата до 31.01.2024
-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

ЦЕНОВНИК :

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари. 
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

Период Ноќи 1/3 АПП 1/3+1 АПП Коментар
16.05-23.05.2024 7 129€ 149€ промо
23.05-30.05.2024 7 179€ 199€ промо
30.05-06.06.2024 7 239€ 259€  
06.06-13.06.2024 7 309€ 329€  
13.06-20.06.2024 7 389€ 409€  
20.06-27.06.2024 7 429€ 449€  
27.06-04.07.2024 7 469€ 489€  
04.07-11.07.2024 7 509€ 529€  
11.07-18.07.2024 7 549€ 569€  
18.07-25.07.2024 7 549€ 569€  
25.07-01.08.2024 7 549€ 569€  
01.08-08.08.2024 7 549€ 569€  
08.08-15.08.2024 7 549€ 569€  
15.08-22.08.2024 7 449€ 469€  
22.08-29.08.2024 7 369€ 389€  
29.08-05.09.2024 7 319€ 339€  
05.09-12.09.2024 7 239€ 259€  
12.09-19.09.2024 7 189€ 219€ промо
19.09-26.09.2024 7 149€ 179€ промо

Во цената е вклучено:  

  • 7 Ноќевања,
  • wi-fi.
  • паркинг

Во цената не е вклучено: 

  • Превоз
  • патничко осигурување
  • Туристичка такса 1,5 евра на ден (се плаќа во објектот).
  • 5 Евра на ден Клима  (се плаќа во објектот)
  • ПРЕВОЗ:

     Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

    Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики (секој Четврток) време на поаѓање цена
    Скопје – Дрводекор 04;00 45 €
    Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)  04;30 45 €
    Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес 03;40 60 €
    Струмица – (БП Макпетрол нов кружен тек),трансфер до Удово 05;00 45 €
    Неготино – (БП Неготино) 05;00 45 €
    Удово – (БП Удово) 05;40 40 €
    Граничен премин – (БП Шимов) 06;00 45 €

     

    Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики  (секој Четврток) време на поаѓање цена
    Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 05;00 40 €
    Прилеп – (БП Селида),  трансфер до Битола 04;15 40€
    Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола 03;15 50 €
    Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола 03;30 50 €
    Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола 04;15 50 €

    Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
    Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
    Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

    Час и место на поаѓање од Грција

    локално (грчко)  време македонско време летовалиште
    15:00 14:00 Калитеа
    14:45 14:00 Полихроно
    14:30 13:30 Ханиоти
    14:15 13:15 Пефкохори

    Услови:

    • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
    • Комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
    • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин.
    • Попустите не може да се комбинираат.
    • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
    • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
    • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
    • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
    • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
    • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
    • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
    • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
    • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
    • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

    Отказ на резервации:

    За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

    • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
    • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
    • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
    • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
    • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
    • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

     Приговори и поплаки:

    • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
    • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
    • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

    Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. МИГ ТРАВЕЛ И С-ТРАВЕЛ