Вила Јонио – Катизма

Вила Јонио – Катизма

Лефкада е прекрасен остров на јонско море, идеален за активен одмор, со премногу плажи, заливи и островчиња за истражување.
Вилата Ionio се наоѓа надвор од Агиос Никитас, идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море во близина на некои од најубавите плажи во Европа. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани.

Вила се состои од осум тро кревети просторни студија опремени со клима уред, кујна, фрижидер, телевизор, бања а она што ги прави посебни е терасата и дворот на вилата кои се опкружени со зеленило  во кое можете да уживате со кафе и поглед на планината.

1/2 студио: еден брачен кревет (или два единечни), на приземје
1/3 студио: еден брачен и еден единечен или три единечни кревети

Плажа

7 минути пешачење од Катизма (една од најубавите плажи во Европа).

 

Гпс координати: 38°46’24.6″N 20°36’15.3″E

Попусти:
25% за резервации и целосна уплата до 31.12.2019
20% за резервации и целосна уплата до 31.01.2020
15% за резервации и целосна уплата до 28.02.2020
10% за резервации и целосна уплата до 30.04.2020

Цените се по СТУДИО за 7 ноќевања 

дата ноќевања студио за 2 лица студио за 3 лица
26.05-02.06 7 59 € * 69 € *
02.06-09.06 7 69 € * 79 € *
09.06-16.06 7 99 € * 109 € *
16.06-23.06 7 179 € 189 €
23.06-30.06 7 219 € 229 €
30.06-07.07 7 249 € 259 €
07.07-14.07 7 299 € 309 €
14.07-21.07 7 339 € 349 €
21.07-28.07 7 379 € 399 €
28.07-04.08 7 379 € 399 €
04.08-11.08 7 379 € 399 €
11.08-18.08 7 379 € 399 €
18.08-25.08 7 349 € 369 €
25.08-01.08 7 319 € 339 €
01.09-08.09 7 269 € 289 €
08.09-15.09 7 189 € 199 €
15.09-22.09 7 99 € * 109 € *
22.09-29.09 7 59 € * 69 € *

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Доплата за туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања во студио или апартман, (по избор)
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Такса 0,50 центи на ден за соба

Напомена:
Цените обележани со се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 10% на вториот аранжман ( не се комбинира)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.

Во цената НЕ Е вклучен превоз. Повратен билет до Лефкада чини:

Цена по лице за превоз од Скопје за Лефкада:
Скопје (Дрводекор) 45€
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес 50€
Велес (бензинска мотел Македонија) 45€

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:
Битола-Автобуска станица Транскоп – на перон 40€
Прилеп (бензинска Лук Оил) -Трансфер до Битола 45€
Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 45€
Кичево (бензинска Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола 45€
Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола 45€
Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола 45€

Деца од 2-11,99 г. попуст од редовната цена 15€ од Битола и 10€ од Скопје
Деца до 1,99 години бесплатно
Возрасно лице над 63 год 10€ попуст


Време на поаѓање за Лефкада:
01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
01:45 h Велес (бензинска мотел Македонија) трансфер до Битола
12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
02:30 h Кавадарци (бензинска Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
03:20 h Прилеп (бензинска Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп на перон)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол)

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.

Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж

Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Патниците студиото/апартманот првиот ден го превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на  студиото/апартманот е до 09:00 часот наутро.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на последниот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 г. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Важат Општите услови на Т.А. МИГ ТРАВЕЛ