Vila Bouzalis | Nea Flogita

You are currently viewing Vila Bouzalis | Nea Flogita

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани, а токму тука е и најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

Вилата Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето.

Вилата располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има

паркинг простор.

 

https://www.google.com/maps/place/Thanasis+Apartments/@40.2574298,23.2176613,340m/data=!3m2!1e3!4b1!4m5!3m4!1s0x14a87a42c2a725a9:0x652d61176cb91cf8!8m2!3d40.2574298!4d23.2176613

-7 % попуст за целосна уплата до 28. февруари 2023