VILA BELLA GRECIA-КРФ МОРАИТИКА

VILA BELLA GRECIA-КРФ МОРАИТИКА

КРФ

Крф е во срцето на Јонското Море помеѓу Италијанското копно на запад и Грчкото на исток се протега Јонскиот архипелаг претставен со неколку поголеми и помали острови. Најсеверен остров во архипелагот е најпосетуваниот остров Крф со главниот град Керкира. Доминантна вегетација на островот се четинарите и маслиновите стебла по што Крф се нарекува и “Зелен остров”. Освен по живописната природа, исконското минато и љубезните домаќини Крф е познат и по своите плажи.

Мораитика е модерно туристичко селце кое лежи околу природен залив. Селото е, оддалечено 20км од главниот град Керкира, каде има голем број на ресторани, таверни, барови и продавници за да задоволат сечиј вкус.

ВИЛА БЕЛА ГРЕЦИА

Вилата е лоцирана во Мoраитика на околу 7 мин од плажа. Располага со двокреветни и трокреветни студија на прв и на втор спрат. Сите соби имаат балкон, ТВ, клима уред (дополнително се наплаќа), мини кујна (шпорет со грејни тела, фрижидер, комплет прибор) и бања со туш. Вилата има и сопствен базен. Бесплатен интернет на базен.

Доплата за туристичка такса – 0.5€ по соба на ден. Плаќање на рецепција.

Поаѓање од Битола , за подетални информации исконтактирајте не 047/512-512 076/296-296

ОПШТИ УСЛОВИ

За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.

За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот

За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.

За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА. МИГ Травел, побарајте ги во агенцијата.

Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 61.8 мкд.)

Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.