VILA ANESTIS – КРФ АГИОС ГЕОРГИОС

VILA ANESTIS – КРФ АГИОС ГЕОРГИОС

КРФ

Крф е во срцето на Јонското Море помеѓу Италијанското копно на запад и Грчкото на исток се протега Јонскиот архипелаг претставен со неколку поголеми и помали острови. Најсеверен остров во архипелагот е најпосетуваниот остров Крф со главниот град Керкира. Доминантна вегетација на островот се четинарите и маслиновите стебла по што Крф се нарекува и “Зелен остров”. Освен по живописната природа, исконското минато и љубезните домаќини Крф е познат и по своите плажи.

Агиос Георгиос е мало туристичко место, на крајниот југозападен дел на островот. Од главниот град Керкира е оддалечено 30-тина км, а од јужното пристаниште Лефкими 10-тина км. Долгите песочни плажи и бистрите води на Јонското Море се само дел од убавините на ова место.

ВИЛА АНЕСТИС

Вила Анестис се наоѓа веднаш до Лорд Комплекс лоциран во непосредна близина на центарот на Агиос Георгиос. Плажа е оддалечена 4-5 мин. Вилата е со преубаво уреден двор, двокреветните студија се на приземје, а четворокреветните апартмани се на кат. Сите се опремени со мини кујна (фрижидер, две рингли за готвење, комплет прибор), ТВ и бања со туш, клима ( се доплаќа). Гостите од вилата можат да го користат базенот и мини паркот за деца од Лорд Комплекс (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок-забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА, ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 047/512-512 076/296-296

НАПОМЕНА

Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен превоз и карта за траект!

Четврто лице во Апартман бесплатно, плаќа само за превоз-возрасен 75 еур (4.635мкд), дете од 2-11.99г.-55 еур (3.399 мкд)

Цена за превоз на возрасен 75€ (4.635мкд), за дете 55€ (3.399мкд)

Користење на собите започнува првиот ден од 14:00 а се напуштаат во 09:00 последниот ден. (Локално време)

За пакет аранжмани од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 25€ од вкупната цена по лице.

Враќање последниот ден во вечерните часови.

Доплата за користење на клима 6 еур на ден (се плаќа локално)

Доплата за туристичка такса – 0.5€ по соба на ден. Плаќање на рецепција.

ОПШТИ УСЛОВИ

За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.

За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот

За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.

За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА. МИГ  Травел, побарајте ги во агенцијата.

Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 61.8 мкд.)

Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот

Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.