Вила Алекс -Полихроно

You are currently viewing Вила Алекс -Полихроно

На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.

Вила “АЛЕКС се наоѓа на само 10 метри од плажа во центарот на градот. Вилата се состои од 1/3 апартман и 1/4 апартман со поглед море. Апартманите се опремени со шпорет, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераса ,бања и приватен паркинг.

1/3- апартман со поглед море -одделна спална соба , кујна со дневна + тросед на спуштање во дневната соба.

1/4 апартман со поглед море -2 спални соби (француски кревет + два единечни ) дневна соба + одделна кујна.

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.03.2022

Период

Ноќевања

1/3 апартман

1/4 апартман

Коментар

22.05-29.05.2022

7

119€

129€

промо

29.05-05.06.2022

7

149€

159€

промо

05.06-12.06.2022

7

184€

195€

 

12.06-19.06.2022

7

283€

285€

 

19.06-26.06.2022

7

338€

371€

 

26.06-03.07.2022

7

388€

404€

 

03.07-10.07.2022

7

404€

435€

 

10.07-17.07.2022

7

424€

460€

 

17.07-24.07.2022

7

440€

480€

 

24.07-31.07.2022

7

440€

480€

 

31.07-07.08.2022

7

440€

480€

 

07.08-14.08.2022

7

440€

480€

 

14.08-21.08.2022

7

420€

460€

 

21.08-28.08.2022

7

382€

404€

 

28.08-04.09.2022

7

302€

338€

 

04.09-11.09.2022

7

239€

272€

 

11.09-18.09.2022

7

199€

220€

промо

18.09-25.09.2022

7

149€

159€

промо

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања
  • клима уред
  • wi-fi.
  • паркинг

Во цената не е вклучено:

  • Превоз
  • патничко осигурување
  • туристичка такса 0.5 € по соба од ден
  • Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

    • Битола ( Автобуска станица Транскоп -на перо) – 35 по лице
    • Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 35 по лице
    • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 40 по лице
    • Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45 по лице
    • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 40 по лице
    • Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 40 по лице

    Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела):

    • Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице04:30 h
    • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице
    • Куманово (бензинска пумпа,Макпетрол)-35€ по лице
    • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 45 по лице
    • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
    • Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –45 по лице
    • Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
    • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице
    • Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена за Скопје, Битола и Прилеп
    • Деца до 1,99 години бесплатно

    МИГ ТРАВЕЛ го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

    ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

    • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
    • Попустите не може да се комбинираат,
    • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
    • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
    • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
    • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
    • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
    • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
    • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.