Vila Alcano – Neos Marmaras

You are currently viewing Vila Alcano – Neos Marmaras

  

Вилата Alcano се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare.Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата Alcano е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос МармарасAlcano“ (имајте предвид дека во овој ресторан се подготвува храна во текот на целиот ден, што подразбира голема френвенција на туристи пред вилата до полноќните часови). Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со функционален мебел, кујни, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

https://www.google.mk/maps/place/Alcano/@40.0926248,23.7868686,314m/data=!3m2!1e3!4b1!4m5!3m4!1s0x14a8a1eb5466baf7:0x6870dde42c3b5156!8m2!3d40.0926248!4d23.7868686?hl=en

 

 

-7 % попуст за целосна уплата до 28.02.2023