Викенд Драч- Тирана 28-30.08

Викенд Драч- Тирана 28-30.08
Sunny day and panoramic view to Durres beach. Blue sky and water of Adriatic Sea.

1 ден БИТОЛА -ДРАЧ
Поаѓање од Битола (паркинг Спортска Сала) во 06:00 часот . Заминување за граничен премин Ќафасан, царински формалности, попатни одмори. Пристигнување во Драч (област Голем, 10 км од Драч) околу пладне. Сместување во хотелот Albanian Star 4*). Слободно време за одмор и рекреација. Ноќевање.

2 ден ДРАЧ
Појадок. По појадокот време за плажа и слободни активностиВечерта во договорено време поаѓање кон центарот на Драч и време за слободни активности ( прошетки, шопинг, вечера…).
Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден ДРАЧ – ТИРАНА – БИТОЛА
Појадок. По појадокот слободно време за плажа. Одјавување од хотелот и во договорено време (околу 14:00 часот) поаѓање за Тирана. Полудневна посета на главниот град на Албанија. Прошетки низ центарот каде се сместени сите плоштадот Скендербг, Операта, Џамијата Етем беј; Националната библиотека; Часовникова кула симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј…. , маркети, ресторани, бутици….Во договореното време и место состанок на групата и заминување за С.Македонијаграничен премин Ќафасан, царински формалности, попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови. Крај на аранжманот.

Цена на аранжманот :
99 / 6140 денари (по лице за сместување во 1/2 соба)

Во цената е вклучено :
Превоз со автобус
Хотел 
Albanian Star 4* (или сличен)
2 ноќевања со појадок
Сместување во двокреветни соби
Придружник од агенцијата
Посета на Драч и Тирана

Во цената НЕ Е вклучено :
Патничко осигурување (задолжително е)
Туристичка такса
(се плаќа во хотелот 1
 по лице на вечер)
Неспоменати услуги

-За соба со поглед на море +3 по лице на вечер
-Трет возрасен има попуст од 20%
-Деца 0-4,99 (плаќа 30, во соба со 2 возрасни)
-Деца 5-11,99 (плаќа 30, во соба со 2 возрасни)

Официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки )
– во Р.Албанија може да се патува и со македоснка лична карта
– Битола – Драч 
233 км во еден правев
– Битола – Тирана 200 км во еден правец
– Драч -Голем 
24 км во еден правец
– Голем – Тирана 
48 км во еден правец

Драч
Драч или на албански 
Durrës, е приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население.

Голем
Голем е крајбрежно село каде што има скоро 7000 жители. Областа по должината на брегот е една од најголемите дестинации на Албанија за плажа каде се наоѓаат многу одморалишта, хотели и приватни сместувања за одмор. Покрај долгата плажа има многу бројни локални ресторани и барови каде што можете да уживате во медитеранска и албанска храна. Голем доживеал брз урбан развој во последните години и денес претставува една од најбараните туристички дестинации за летен одмор.

Тирана
Тирана е главниот град на Република Албанија. Се наоѓа во централниот дел од земјата, на реката Ишми. Основан во 1614 г. од Сулејман-паша, а главен град на Албанија е од 1920 г. Во Тирана живеат околу 450,000 жители. Тирана е културен и индустриски центар на Албанија. Интересни знаменитости на градот се: плоштадот Скендербг, Операта, Џамијата Етем беј; Националната библиотека; Часовникова кула симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар, поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј….

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 20 платежни патници. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Во Р.Албанија може да се патува со валидна лична карта на македонски граѓанин. Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на ТА МИГ ТРАВЕЛ