ВИЕНА НОВА ГОДИНА

You are currently viewing ВИЕНА НОВА ГОДИНА

ПРОМО ЦЕНА: 199 ЕВРА ПО ЛИЦЕсо задолжителен пакет 85 евра по лице

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219 ЕВРА ПО ЛИЦ

Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен благодатно на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди големи зборна туристички атракции.

Програма

1

1 Ден: 29.12.2023 (петок)
    Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот од Дрводекор. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.

2

2 Ден: 30.12.2023 (сабота)
    Пристигнување во Parndorf во претпладневните часови каде што ќе има слободно време за шопинг. Единствен трговски каде има попусти од 30% до 70% преку целата година. Armani, Prada, Hugo Boss, Gucci, Guess, Mango, Diesel се само дел од 170те продавници во овој мол. Во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Виена. Сместување во хотел. Факултативен разглед на градот со туристички водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац. По разгледот, враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3

3 Ден: 31.12.2023 (недела)
    Појадок. По појадокот можност за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со водич и вклучена влезница. Најпознататата кралска палата во светот. Еден од најважните културни споменици во Австрија и до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена. Дворецот и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на сукцесивната Хабсбуршка династија. Слободно време за посета на паркот на дворецот. По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Виена. Враќање назад во хотел. Во договорено време, се упатуваме на Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад, можност за уживање на плоштадот или индивидуално во некој од баровите. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4

4 Ден: 01.01.2024 (понеделник)
    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Слободно иднивидуално време. Во договорено време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 02.01.2022 (вторник).

 

ПРОМО ЦЕНА: 199 ЕВРА ПО ЛИЦЕсо задолжителен пакет 85 евра по лице

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

 

Воцената е вклучено:
– Превоз на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Виена
– Посета на аутлетот Parndorf
– Организацијанааранжманот и придружникнапатувањето.

– Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Виена -15 евра
– Факултативен излет на внатрешноста на дворецот Шенбрун со вклучена влезница и негов разглед со локален водич – 50евра
– Посета на Дунавската кула со вклучена влезница -25 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување 

НАПОМЕНА:

–         – За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–          – Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          – За реализација на аранжманотпотребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          – За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          – За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

–           – Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          – Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          – Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

–          – За овој аранжман важат општите услови на патување на  Идеал Травел  и ТА. МИГ ТРАВЕЛ