УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ВИЕНА

You are currently viewing ВИЕНА

Програма

1 Ден: 08.03.2023 (среда) Скопје – Виена
    Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот од Дрводекор. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.
2 Ден: 09.03.2023 (четврток) Виена
    Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Одиме во посета на Outlet-от Parndorf каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia, Gucci. Armani, Burberry, Desigual, Dolce&Gabbana, Diesel, Geox, Guess, Karl Lagerfeld, Nike, Puma, Tommy Hilfiger и уште многу други брендови.. Во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Виена. Се сместуваме во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
3 Ден: 10.03.2023 (петок) Виена
    Појадок. По појадокот, предлагаме факултативен разглед (15 евра) на градот со туристички водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац. По разгледот, слободно индивидуално време за прошетка низ Виена. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
4 Ден: 11.03.2023 (сабота) Виена-Скопје
    • Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со водич и вклучена влезница. Огромната палата Шенбрун каква што ја гледаме денес, е изградена во средината на 1700-тите години – дизајнирана во барокен стил со симетрична главна зграда која има стотици прозорци и статуи на покривот. Ова место претходно било во сопственост на моќен римски император, кој го користел како ловиште, за подоцна да стане главна летна резиденција на Хабсбуршките владетели. Денес палатата опстојува како музеј и е една од најпопуларните атракции во Виена, ако не и во цела Австрија. Исто така, таа е заштитена од УНЕСКО како светско културно наследство. Огромната палата има повеќе од 1.400 соби во кои посетителите можат да ги разгледаат бујните ентериери на кралските одаи. Прекрасните градини се слободни за истражување, накитени со формални цветни леи, скулптури, римски урнатини, лавиринти, како и фонтаната Нептун и видиковецот Глориете. Слободно време за посета паркот на дворецот. По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Виена. Во договорено време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 12.03.2023 (недела).
  •  
      ПРОМО ЦЕНА: 149 ЕВРА / 9238 ДЕН. ДО 10.02.2023
    • РЕДОНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕВРА / 10478 ДЕН.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во околина на Виена
– Посета на аутлетот Parndorf
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Виена со локален водич -15 евра
– Факултативен излет на внатрешноста на дворецот Шенбрун со вклучена влезница и негов разглед со локален водич – 45 евра
– Посета на Дунавската кула со вклучена влезница -25 евра
– Трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Штип со доплата од 15€, Велес – доплата од 10€ по лице во два правци
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување 

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а остатокот се доплаќа најдоцна 7 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Т.А. МИГ ТРАВЕЛ

%d bloggers like this: