УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ВЕРОНА-ВЕНЕЦИЈА-МИЛАНО-СИРМИОНЕ

You are currently viewing ВЕРОНА-ВЕНЕЦИЈА-МИЛАНО-СИРМИОНЕ

Програма

1
1 ден 08.12.2022 (четврток)
    Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
2
2 ден 09.12.2022 (петок)
    Пристигнување во најголемиот шопинг центар во тој регион -Palmanova Outlet Village.После слободното време за шопинг се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време се упатуваме кон хотелот. Нокевање.
3
3 ден 10.12.2022 (сабота)
    По појадокот се упатуваме према градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот.Ноќевање.
4
4 ден 11.12.2022 (недела)
    Појадок одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки.Патниците што не сакаат да одат на факултативна посета на Венеција остануваат во Лидо ди Јесоло. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во утринските часови на 12.12.2022.

ПРОМО ЦЕНА: 109 ЕВРА за уплати до 15.11.2022
РЕДОВНА ЦЕНА: 119 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Посета на шопинг центар “Palmanova Outlet Village”
– 2 ноќевања со појадок во околина на Верона
– Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Велес, Штип и Куманово

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (25 €)
– Факултативна посета на Милано и Сирмионе со водич (35 €)
– Разглед на Верона со водич (15 €)
– Задолжителна туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување (5 €)
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 65 евра по лице (со резервација во агенција)

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Миг Травел

%d bloggers like this: