УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ВЕНЕЦИЈА-МИЛАНО-ВЕРОНА 24-ТИ МАЈ

You are currently viewing ВЕНЕЦИЈА-МИЛАНО-ВЕРОНА 24-ТИ МАЈ

Програма

1
1 ДЕН 20.05.2022 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
    Состанок на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
2
2 ден 21.05.2022 (САБОТА)– ТРСТ- ПАЛМА НОВА- ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
    Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3
3 ден 22.05.2022 (НЕДЕЛА) – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕРОНА- МИЛАНО
    По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон Лидо ди Јесоло.Ноќевање.
4
4 ден 23.05.2022 (ПОНЕДЕЛНИК) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ
    Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневните часови на 24.05.2022 (понеделник).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА УПЛАТИ ДО 20.04.2022

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

– Посета на Трст

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3***

– Организиран разглед на Венеција

– Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.

– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa  (20 €)

– Факултативна посета на Верона и разглед на Милано со локален водич (40€)

– Патничко осигурување 300 денари

 

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Услови за влез во Италија:
– Две дози вакцина (Pfizer, Moderna, Astra Zeneca, Johnson&Johnson) не постара од 6 месеци, или да поседуваат бустер доза или сертификат за прележан ковид
– Две дози кинеска вакцина или Sputnik (овие патници дополнително треба да поседуваат и негативен антиген тест не постар од 48 часа)
– Сертификат за прележан ковид (не постар од 6 месеци)
– Антиген тест не постар од 42 часа
– За деца од 0-5.99 години за влез во Италија не е потребен ниту тест, ниту вакцина
– За деца од 6-11.99 години за влез во Италија потребен е антиген тест или сертификат за прележан ковид
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Т.А Миг Травел

%d bloggers like this: