УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ 11-ТИ ОКТОМВРИ

You are currently viewing ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ 11-ТИ ОКТОМВРИ

Програма

1 ден 11.10.2023 (среда) Скопје – Трст
    Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 12.10.2023 (четврток) Трст-Палманова-Лидо Ди Јесоло
    Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу 2 часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike Factory Store, Puma, Tommy Hilfiger, United Colors of Benetton и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг околу 2 часа. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 13.10.2023 (петок) Верона-Милано
    Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Милано (40 евра). По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 14.10.2023 (сабота) Венеција-Скопје
    По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција (факултативна посета 30 евра). Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 15.10.2023 (недела).

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618ден. СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 65 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕВРА / 10 478 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло
– Автобуски превоз на наведената релација
– Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Велес 
– Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (30 €)
– Факултативна посета на Верона и Милано со водич (40 €)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Патничко осигурување (5 €)
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 65 евра по лице (со резервација во агенција)

 

НАПОМЕНА:

– За Сингл соба се доплаќа 70% од сумата на аранжманот

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ