Божиќен Адвент Венеција, Верона, Бусуленго

You are currently viewing Божиќен Адвент Венеција, Верона, Бусуленго
Програма на патување: 
 
1.Ден 07.12.2022  (Среда)                                        СКОПЈЕ 
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење. 
 
2. Ден 08.12.2022 (Четврток)                           ТРСТ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во раните утрински часови. Слободно време за прошетка и разглед на градот; Плоштадот на Обединувањето – Piazza dell`Unita или како уште го нарекуваат најголемиот плошдад во Европа со излез на море, Canal Grande di Trieste – Големиот Канал во близина на плоштадот, Ponte Rosso…  Време за освежување од патувањето и уживање во предбожиќната атмосфера на Трст, препорачуваме пауза со добро италијанско кафе во некое од кафулињата. Во договорено време со водичот, патувањето продолжува кон Лидо ди Јесоло. Пристигнување во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање. 
 
3.Ден  09.12.2022 (Петок)                     ВЕРОНА – БОЖИЌНО СЕЛО БУСУЛЕНГО 
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на градот на заљубените, Верона и прекрасното божиќно село Бусуленго. Разгледот на Верона го започнување релаксирано со придужникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и Плоштадот Ербе, сè до Куќата на Јулија. По разгледот следи слободно време за уживање во предбожиќната атмосфера на Верона со посета на божиќните пазари актуелни во овој период од годината. Во договорено време продолжување кон божиќното село Бусуленго. Пристигнување и посета на едно најубавите божиќни села во Италија, уживање и прошетки во прекрасната предбожиќна атмосфера, шаренило од вкусови и бои, дегустација на слатки, уживање во чаша квалитетно италијанско вино… Во договорено време врќање назад во хотелот во Лидо ди Јесоло. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање. 
 
4.Ден  10.12.2022 (Сабота)                                              ВЕНЕЦИЈА  
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување на разглед на градот Венеција. Во договорено време се упатуваме кон Пунта Сабиони од каде се качуваме на брод Вапорето и пловиме кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на разглед на градот: Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Црквата Св. Марко, Плоштадот Св. Марко, Мостот Риалто, Каналот Гранде… По разгледот слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција. Препорачуваме топла облека и удобни обувки, бидејќи времето на враќање е вечерно. Во точно прецизирано време и место се сретнуваме со пратителот на групата и повторно со брод се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање за Македонија низ Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. 
 
5.Ден  11.12.2022 (Недела)                                             СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата на граница.  
 
Цена на аранжманот – 149€/ 9.238.ден
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација 
– Сместување во хотел 3*/4* во Лидо ди Јесоло (или околина) на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани посети според програмата 
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето. 
– Трансфер од Битола, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Велес.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Превоз со брод вапорето до Венеција – 20€ 
– Факултативна посета на Верона и Бусуленго – 40€  
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел 5€ (доплата на лице место) 
 
Попусти и опционални доплати: 
– Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,  
– Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),  
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10€/620мкд (мин. 2 седишта), 
– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
 
Важни напомени: 
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање. 
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа. 
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже. 
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.  
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на СКТМ и Ваикики Травел и Миг Травел