ВЕЛИГДЕН ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД

ВЕЛИГДЕН  ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД

ВЕЛИГДЕН

ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД

ПАРИЗ 5 ДЕНА / 4 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
Распослан на бреговите на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ , е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како дворците Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Светата Капела,Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј ,забавниот парк Дизниленд многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

1 ден – 17.04.2020 (Петок)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.15 часот.Полетување за Париз преку Загреб во 05.45 од Скопје,со вклучени пијалоци во авион.Слетување во Париз во 11:05. Организиран превоз до хотел со автобус. Попатен организиран панорамски разглед на градот со водич.Сместување во хотел.Слободно време за одмор.Во 19.00 ч. организирана посета на Елисејските Полиња со метро и крстарење со брод по Сена(факултативно).Слободно време за вечера.Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден – 18.04.2020 (Сабота)
Појадок. Во 09.00 часот организирана(факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Посета на палатата , слободно време за посета на градините.Вракање со автобус во Париз околу 13.00 ч. до Латински квар.Посета на Богородична црква од надвор,.Слободно време за ручек.Индивидуално (фкултативна) посета на катедралата Saint Chapelle ( цена 11,5 еур) или со вклучена посета на Conciergerie (цена 17еур).Можност за посета на Сорбона,Пантеон и Луксембуршките градини, кои се во непосредна близина на Латинскиот кварт.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова Кула. Организирана(факултативно) заедничка вечера во национален ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 19.04.2020 (Недела)
Појадок. Организирана пешачки тура со метро -разглед на Париз со пратител на група:Плоштадот Конкорд,Црквата Мадлена,Плоштадот Вандом,Операта Гарние (од надвор),Галеријата Лафајет(со влез)и можност за панорамска глета на Париз ,Музејот Фрагонар со бесплатен влез и посета на парфимеријата во исто време. Слободно време за ручек. Враќање во хотел.Во попладневните часови организирана
факултативна посета на Лувр со метро. Во вечерните часови посета на Мон Мартр , црквата Свето Срце,улицата Пигал и Мулен Руж (однадвор).Заедничка вечера(факултативна) во ресторан.Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 20.04.2020 (Понеделник)
Појадок. Во 08.30 ч организирана(факулатативно) целодневна посета со автобус на забавниот парк за возрасни и деца –Дизниленд.За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена , плоштадите , парковите.Можност за организирана (факултативно) ,посета на ноќно кабаре ,по можност Мулен Руж или слично на него како Лидо или Крејзи Хорс.Ноќевање.

5 ден – 21.04.2020 (Вторник)
Појадок.Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.Организирана посета и прошетка по паркот Тујлери,Лувр од надвор,улицата Риволи,Центарот Помпиду.Можност за индивидуална посета(факултативно) на музејот Орсеј. Слободно време за ручек . Организиран превоз до аеродром од хотелот во 15:30 часот. Полетување за Загреб во 18.30 часот, слетување во 20:20..Полетување за Скопје во 21:15 ,слетување во 22:30 часот во Скопје.

Цена: 439€ / 27.130 мкд

Во цената се вклучени следниве
услуги:
Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје
4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence www.ibisladefence
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Панорамски разглед на градот
Организирани пешачки разгледи на Париз со метро според програмата:
Елисејски Полиња,Латински Кварт,Мон Мартр,Галеријата Лафајет со Опера Гарние,Вандом и Музејот за парфеми….итн
Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии
Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:
Аеродромски такси 143 еур/ 8.837 мкд ,со вклучен чекиран багаж 23 кг , пијалок и апетисани во авион
Боравишна такса за хотелот се плаќа во Агенција и изнесува 7 еур по лице за цел престој
Превозот со метро и автобус во Париз (цена 16.1 еур карнет за 10 возења)
Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-риот спрат 16.30 еур)
Посета на Лувр 45 еур влезница+водич(со метро)за лица до 18 год. -25 еур
Посета на Версај – 65 еур влезница+водич ,за лица до 18 год. 40 еур( со автобус од хотел )не е вклучена влезница за парковите и чини околу 9 еур
Влезница за брод по Сена 15 еур (се патува со метро)
Посета на Операта Гарние и музејот Орсеј околу 15 еур-влезница објект
Посета на Мулен Руж со представа (цена од 110 еур со пијалок 1⁄2 шампањ и место за седење)
Посета на Дизниленд 110 еур ,дете до 11 години 90 Еур (автобус + целодневна влезница за 1 парк)
Вечера или ручек во ресторан црна од 15 еур без пијалок
Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд.

ВАЖНО:
Доплата за сместување во еднокреветна соба 170 еур,
Сместување во трокреветна соба (може само дете до 11 год) попуст 50 еур

Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8мкд)
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20патници
За овој аранжман важат општите услови на патување на МИГ Травел и СКТМ