Тоскана 8 Декември 2022

You are currently viewing Тоскана 8 Декември 2022
Програма на патување:
 
1 ден 07.12.2022 (среда)                                СКОПЈЕ – МОНТЕКАТИНИ 
Состанок на групата во 09.30 часот на паркингот кај Вип хотел спроти хотел спроти Ист Гејт. Поаѓање во 10.00 часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
 
2 ден 08.12.2022 (четврток)                 МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА – МОНТЕКАТИНИ
Пристигнување во претпладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови посета  на Пиза. Прошетка до еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован и познатиот симбол – Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
3 ден 09.12.2022 (петок)         МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО – МОНТЕКАТИНИ 
Појадок. Прeпорачуваме факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад познат како IL CAMPO, ширум светот познат по познатите коњски трки Палио кои се одржуваат два пати годишно овде. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот…  Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Поаѓање за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano италијански ридски град во Тоскана, југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13 век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Признат како светско наследство на УНЕСКО од 1990 година, Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран и неговото бело вино, Vernaccia di San Gimignano. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини и слободна  вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
 
4 ден 10.12.2022 (сабота)                   МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време доцна попладне поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.  
 
5 ден 11.12.2022 (недела)                                             СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
 
Цена на аранжманот – 169€/10.478ден 
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. 
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Монтекатини Терме (или околина)
– Огранизирана посета на Пиза 
– Организација, реализација на аранжманот и туристички придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено: 
– Посета на Сиена и Сан Џемињано 50€ (трансфер, локален водич) 
– Задолжителна посета на Фиренца 30€ (трансфер, локален водич) 
– Туристичка такса во хотел во Монтекатини (5€ по лице вкупно)
– Задолжително патничко осигурување
 
Напомени: 
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата. 
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.  
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ваикики Травел и Миг Травел