Хотел ТИНО Св. Стефан Охрид

Хотел ТИНО Св. Стефан Охрид
 

Сместен на брегот на Охридското Езеро, хотелот Тино Свети Стефан нуди бесплатен wi-fi, бесплатна климатизација, 24 часновна рецепција, велнес центар и ресторан, бесплатен паркинг за гостите (со претходна резервација), конференциска сала.

Хотелот располага и со внатрешен базен, надворешен базен и излез на брегот на Охридското Езеро. Вкусен појадок се служи секое утро во хотелот, а за вечера може да се ужива во ресторанот во куќата. Исто така, достапна е и услуга во собата.

Велнес областа на хотелот се состои од затворен и отворен базен, сауна, амам и фитнес центар. Масажата се доплаќа и истата е на барање. Во самиот хотел има и посебна просторија за оставање на багажот.

Античкиот театар на Охрид се наога на 4км од хотелот, а аеродромот се наоѓа на 12км.

 

Сместување:

Хотелското сместување располага со двокреветни соби, апартмани со поглед кон езеро, трокреветни соби, економи двокреветна соба. Секоја соба е удобно опремена со балкон, ТВ со рамен екран и мини бар, сопствен тоалет.

Хотел Тино -Св.Стефан Пакети за Јуни, Јули, Август – цени по лице
Пакет аранжман 3 ноќевања 4 ноќевања 5 ноќевања 6 ноќевања 7 ноќевања
цена по лице во двокреветна соба 99еур полу пансион 132еур полупансион 155еур полупансион 186еур полупансион 203еур полупансион
        гратис 1 вино во соба гратис масажа за 2 лица

 

Дополнителни информации:

  • Апартманот е задолжителено плаќање на 3 полноплатежни лица, доколку се 4 возр.лица сите плаќаат целосна цена за возрасен
  • Цена за 1 или 2 ноќевања е 35еур по лице на ден во двокреветна соба
  • Деца од 0-5,99год – бесплатно (во двокреветна соба без дополнително легло)
  • Деца од 6-11,99год – 50% попуст (во двокреветна соба со дополнително легло)
  • Полупансионот – секоја вечера избор од 3 главни јадења, предјадење и десерт
  • Доплата за соба со поглед на езеро се плака 3еур по лице од ноќ
  • Доплата за пансионски ручек е 6еур по лице
  • Трето возрасно лице во стандардна трокеревтна соба има 25% попуст од редовната цена

 

Услуги вклучени во цените: појадок и вечера, користење на внатрешен базен, детски базен, спа центар со џакузи, сауна и парна бања, детско игралиште, пинг понг маса, билјард маса, конференциски сали (за настани), Wi-Fi, паркинг пред хотелот.

Услуги со доплата: масажи, третмани и солариум, соба за забава ( билјард, фудбалче, пикадо). Собите во хотелот се реновирани во 2020 год.

Во цената не е вклучена туристичка такса -40ден по лице на ноќ.

 

Политика на отказ на резервација;

До 4 дена пред пристигање – без пенали, од 3-0 дена – 100% пенали.