Етно село ТИМЧЕВСКИ

Етно село ТИМЧЕВСКИ

Етно Село “Тимчевски“ – Вистински простор за семејни, бизнис и туристички посети. Уживајте во единствениот амбиент изграден во национален стил збогатен со прекрасни јадења и одлична музика. Етно село „Тимчевски“ се наоѓа на само 14 километри оддалеченост од Куманово во правец на Крива Паланка. Оддалеченост од:

·         Скопје – 52 км

·         Велес – 67 км

·         Крива Паланка – 54 км

·         Граничен премин „Табановце“ (Србија) – 25 км

·         Граничен премин „Деве Баир“ (Бугарија) – 64 км.

 

Во мирна и нечепната природа, покрај течението на реката Пчиња Комплексот за уживање Етно Село „Тимчевски’’е мир за душата што секој мора да го почувствува.

Шармот на природата во комбинација со висок стандард на услуги им обезбедува на нашите гости мирен одмор и релаксација.

Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО, детски забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.

Хотелот нуди комфор и ги задоволува сите Ваши очекувања. Располага со:

·         37 Двокреветни и трокреветни соби

·         4 Апартмани

·         1 VIP Апартман

како и простории за семинари и деловни состаноци.

Собите се опремени со сопствена бања, бежичен интернет, ТВ и клима уред.

Внимателно креираните содржини ќе ве однесат во една поинаква средина со вистински приказ на традиционалниот македонски начин на живот.

Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.

Цени изразени по соба без пансион, изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска против вредност 61,8мкд

 

1. Ноќевање (без појадок)

       – 34 евра  во двокреветна соба

      – 22 евра во еднокреветна соба

2. За дополнително легло се доплаќа 10 евра.

3. За појадок се доплаќа по 3 евра(по определено мени) или можат да бидат на слободно мени.

4. Доколку гостите престојуваат повеќе од 3 ноќи (4,5 и повеќе ноќевања) цената останува иста со тоа што ќе имаат вклучен појадок.