Јахорина – планина во општината Пале во Република Српска, БиХ, која му припаѓа на Динарскиот планински систем. Највисокиот на Јахорина е Огорелица [1] со 1916 m надморска висина. Во лето е прекриена со густа зелена трева, а во зима со снег висок и до 3 m. Јахорина се простира од 43°39′ до 43°47′ северна географска ширина, и од 18°31′ до 18°43′ источна географска должина.
Извонредната конфигурација на теренот, обилноста на многу квалитетен снег, погодната клима, 20 km патеки за алпски дисциплини како и благите падини (Рајска долина) ја наредија оваа планина меѓу најубавите и најпознати ски-центри.
Просечниот број на денови со снежен покривач на Јахорина е 175, и тоа од октомври до крајот на мај. Десетгодишниот просек на висина на снежниот покривач во февруари изнесува 106 cm. На XIV Зимски олимписки игри во Сараево, на Јахорина се одржани алпските дисциплини за жени. Од Сараево, Јахорина е оддалечена 30 km, а од Пале 15 km.
ХОТЕЛ ТЕРМАГ – АВТЕНТИЧЕН И СОВРЕМЕН
Термаг хотел Јахорина е модерен хотел со 4 ѕвезди со богата понуда во текот на целата година. Се наоѓа на 1550 метри надморска височина, веднаш до патеката и жичарите. Има 71 конфорт соби, 21 луксузно опремени апартмани и еден претседателски апартман. Целосниот ентериер и мебелот во хотелот се дизајнирани и изработени од цврсто дрво.
Познатиот сараевски архитект Амир Вук Зец, добитник на највисоките признанија и награди за внатрешен дизајн за хотелот Термаг и етно ресторанот Колиба, рече: „Вистинска зграда на вистинското место, го отсликува амбиентот на Јахорина и дава целосна атмосфера.
Менито е избрана комбинација на јадења од национална и регионална кујна, комбинирани од српската и босанската, француската и италијанската кујна. Гастрономското задоволство со специјалитети од скара е надополнето со богат избор на салати, десерти, сирења, како и богата понуда на локални и странски вина од Србија, Хрватска, Франција, Италија и Чиле.
Услуги
Услуга во соба, анимација за деца, Wi-Fi достапен низ хотелот, куглана, билјард, подземна гаража, изнајмување на ски опрема и услуга за скијање, училиште за скијање, продавница за ски опрема, продавница за рачно изработени сувенири, трансфер до аеродром и други специјални услуги на барање.
HOTEL TERMAG – JAHORINA | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Цени изразни по лице на ден на база Полупансион (појадок и вечера) | |||||||
Economic rooms | 09.12-27.12.2021 | 27.12-02.01.2022 | 02.01-16.01.2022 | 16.01-06.02.2022 | 06.02-27.02.2022 | 27.02-13.03.2022 | 13.03-03.04.2022 |
Eco 1/2 “front side” | 59 | 95 | 87 | 61.5 | 84.5 | 66.5 | 56.5 |
Eco 1/2 “mountain view” | 66.5 | 105 | 95 | 69 | 92 | 74.5 | 61.5 |
Lux rooms | 09.12-27.12.2021 | 27.12-02.01.2022 | 02.01-16.01.2022 | 16.01-06.02.2022 | 06.02-27.02.2022 | 27.02-13.03.2022 | 13.03-03.04.2022 |
Lux 1/2+1 “front side” | 74.5 | 110 | 105 | 79.5 | 102.5 | 82 | 69 |
Lux 1/2+1 “mountain view” | 82 | 118 | 112.5 | 87 | 110 | 89.5 | 77 |
Наведените цени се по лице на ден и вклучуваат: ноќевање, појадок и вечера на шведска маса, паркинг место пред хотел
- 20% попуст за 3то возрасно лице во ЛУКС соба
- 50% попуст за дете од 6-11,99год во ЛУКС соба
- сите соби имаат мини бар, сателитска ТВ, електронски сеф, директна телефонска линија, фен за коса, бесплатен wi-fi.
- користењетео на wellnes&spa центарот НЕ е уклучено во цената и се наплаќа дополнително за еко и лукс собите (за 3 часа употреба на базен, сауна и парна бања на ден 21еур за возрасни и 10,5еур за деца од 6-11,99год
- можност за доплата на внатрешен паркинг на лице место, без предхдона резевација, на база на расположливот – 21еур на ден
- во еко собите не е возможно сместување на дете, само 2ца возрасни
HOTEL TERMAG – JAHORINA | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Цени изразни за Наем на ден на база Полупансион (појадок и вечера) | |||||||
Апартмани/ Свитови | 09.12-27.12.2021 | 27.12-02.01.2022 | 02.01-16.01.2022 | 16.01-06.02.2022 | 06.02-27.02.2022 | 27.02-13.03.2022 | 13.03-03.04.2022 |
Basic App 1/2+2 “front side” | 338 | 486 | 420 | 368 | 414.5 | 386.5 | 323 |
Basic App 1/2+2 “mountain view” | 368.5 | 511.5 | 450 | 394 | 450 | 409.5 | 338 |
Family App 1/4 “front side” | 409.5 | 614 | 501.5 | 435 | 501.5 | 450 | 373.5 |
Superior App 1/4 “mountain view” | 470.5 | 690.5 | 588 | 511.5 | 588 | 511.5 | 460.5 |
- Наведените цени се за наем на апартман Basic, Family, Superior на база полупансион и вклучуваат: појадок и вечера, користење на wellnes&spa центарот, паркинг место во подземната гаража.
- сите апартмани имаат мини бар, сателитска ТВ, електронски сеф, директна телефонска линија, фен за коса, бесплатен wi-fi
- максимален број на лица во апартманите е 5
- доплата за 5то помошно легло во Фамили или Супериор апартман е на барање, зависно од расположливост и изнесува 25% на редовната дневна цена на апартманот
- деца од 0-5год се гратис во сите типови на соби, каде има капацитет за нив и зависно од годините добиваат дополнително легло или бебешко кревече
- Туристичката такса и осигурувањето НЕ се вклучени во цената и изнесува 1,08еур по лице на ден, деца од 0-11,99год не плаќаат такса.
- За сите кој престојуваат во НОВОГОДИШНИОТ период се доплаќа новогодишна вечера од 100еур по лице, и за деца од од 6-11,99год – 50еур
Начин на плаќање:
- За сите резервации е потребна 40% аконтација од целосната сума на аранжманот, уплата се врши веднаш за потврда на резервација
Политика на отказ на резервација:
- До 15дена пред пристигање – без пенали
- од 14-1 ден пред пристигање – хотелот ја задржува целата авансна уплата од 40%
- NO show – 100% пенали
- порано напуштање на хотел од предвиденото, 100% се наплаќа денот на напуштање и 40% секој следен ден кој не престојуваат гостите