Хотел Св. НАУМ Охрид

Хотел Св. НАУМ Охрид

Хотелскиoт комплекс Свети Наум
Свети Наум хотелски комплекс Во боженственото природно опкружување на локалитетот Св. Наум на 28 км. од градот Охрид, помеѓу бескрајното синило на Охридското Езеро и високиот планински масив на планината Галичица, непосредно до најубавите и најголемите извори кои го напојуваат Охридското Езеро, е сместен Хотелскиот Компле кс

Токму поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Хотелскиот Комплекс „Св. Наум“ со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости.

Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, нацинален ресторан „Охридска Соба“ и бар.

Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна. Толку многу убавина, историја и традиција на едно место, надополнето со сместување и услуги со највисоки стандарди е реткост да се пронајде и доживее. Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот.

 

Цените се изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8мкд

Цените се изразени по СОБА на ден на база Ноќевање со Појадок

Четворокреветна соба:

4 возрасни (4 x 20 eвра) – 80 евра

3 возрасни и едно дете од 7 до 14 години (3 возрасни  x 20 евра + 1 дете x 14 евра) –  74 евра

2 возрасни и 2 деца од 7 до 14 години(2 возрасни по 20 евра) + (2 деца по 14 евра)  – 68 евра

Трокреветна соба:

3 возрасни  (3×20 evra) – 60 евра

2 возрасни и 1 дете (2возрасни по 20 евра + 1 дете 14 евра) – 54 евра

Двокреветна соба со поглед планина:

2 возрасни – 40 евра

2 возрасни и 1 дете до 7 години во ист кревет – 50 евра

Двокреветна соба(свит) со поглед езеро:

2 возрасни – 50 евра

За деца до 3 години има бебешки креветчиња кои може да се постават во собите од 50, 60 и 80 евра и се бесплатни.

*на 5 ноќевања, доделуваме едно ноќевање гратис, т.е 6=5

*појадокот е вклучен во цената

*туристичка такса се доплаќа по 40 денари по лице на ден, на лице место

*полупансион се доплаќа 7 евра по лице на ден, а полн пансион 12 евра по лице на ден