Се поаѓа во 07:00ч од пред спортска сала Младост. Патот води преку Кичево и Маврово до Св. Јован Бигорски. Пристигнување околу 09.30 ч. Разглед на манастирскиот комплекс и црквата каде што се наоѓа уникатниот иконостас. Се продолжува за манастирот Рајчица и црквата Св.Ѓорѓија. Манастирот се наоѓа во селото Рајчица и црква посветена на Свети Ѓорѓиja Победоносец. Во овој женски манастир од 11 век, се чуваат едно парче од крстот на Исус и мал дел од раката на Свети Георги Победоносец. Разглед на манастирот и црквата. Се продолжува за Вевчани. Посета на Вевчанските извори и индивидуален ручек. Во попладневните часови се поаѓа за Битола.
Цена на екскурзијата 500 денари
Во цената е вклучено
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- Организација и водство на патувањето
- Пратител на групата
НАПОМЕНА!
-
За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници.
-
За овој аранжман важат општите услови за реализација на патување на Т.А МИГ ТРАВЕЛ.