БУТИК ХОТЕЛ СВ.НИКОЛА – КРУШЕВО

You are currently viewing БУТИК ХОТЕЛ СВ.НИКОЛА – КРУШЕВО

Свети Никола бутик хотел (By пицерија Скар Крушево) е најнов хотел во Крушево со 8 студиа кои во себе носат уникатни крушевски приказни. Студиата се двокреветни, трикреветни и четирикреветни и секое од нив носи име и има свое значење.

Понудата на Свети Никола вклучува појадок кој се служи во најпознатата пицерија во градот- пицерија Скар, а во лобите на хотелот достапно е бесплатно кафе и чај за гостите.

Хотелот е сместен во центарот на Крушево со фасада која ја отсликува уникатната крушевска архитектура.

Последната иницијатива на Свети Никола бутик хотел е да ги промовира крушевските писатели во своето лоби. Иницијативата опфаќа промовирање на крушевските автори со изложување на авторска книга на секој крушевски писател.

Во продолжение имињата и значењата на студиата

Долче – Долче“ е името на крушевската ски патека која е пред вашите очи секое утро. Ова студио нуди визуелно, а во зима и физичко уживање во патеката. Welcome!

Писти Окту- По прекрасен поглед од крушевскиот Аделбоден го именувавме ова студио. Писти Окту е врвот каде на дланка го имате целиот град.

Мартиноски- Никола Мартиноски е репрезент и обележје на Крушево. Овој светски сликар заслужува да биде дел од нашата приказна

Доилка „Доилка“ или „Мајка со дете“ е најпопуларната слика на Никола Мартиноски. Ова ремек дело го носи името на студиото кое ќе го направи вашиот престој најубав

Св. Никола – Студио именувано по црквата Свети Никола, изградена во 18-ти век и дел од славното историско минато на Крушево. Била запалена за време на Илинденското востание и одново изградена во 1905-та.

Цреша „Цреша“ е една од последните песни на Тоше. Неговата улица ја имате на дофат од вашиот прозорец.

Бор „Бор“ е изворното име на зградата во која се сместени нашите прекрасни студија

Монте „Монте“ е старото име на оваа зграда. Со оваа зграда се поврзани многу настани, приказни и спомени. Бидете и вие дел од нив

 

ЦЕНИ ЗА 2022ГОД

Ноќевање за две лица: 50 евра со вклучен појадок и бесплатно кафе
Ноќевање за 3 лица: 70 евра со вклучен појадок и бесплатно кафе
Ноќевање за 4 лица: 80 евра со вклучен појадок и бесплатно кафе

За деца до 7 години сместувањето е бесплатно.