Sultan of Dreams 5*~Side

Sultan of Dreams 5*~Side

Локација: Sultan-of-Dreams
Хотелот се наоѓа во туристичката област Аланија, на 15 км од центарот наМанавгат, 50 км од центарот на Аланија и 75 км од аеродромот во Анталија, на површина од 40.000 квадратни метри.
Сместување:
Хотелот располага со 350 комфорни соби, опремени со клима уред, бања со туш, телефон, фен, сателитска ТВ, мини-бар, сеф, балкон (некои од собите), поглед море (некои од собите).
Барови и ресторани:
Главниот ресторан нуди услуга шведска маса со богато мени од традиционалната и интернационалната кујна. Располага со капацитет од 800 лица во внатрешната средина, како и за 400 лица во надворешната средина.
A la carte рестораните се отворени 19:00-21:30
Италијанскиот a la carte ресторан е со капацитет од 35 лица исто како и Отоманскиот a la carte.
Појадок 07:00-10:00
Доцен појадок 10:00-10:30
Ручек 12:30-14:00
Снек 23:00-24:00
Вечера 19:00-21:00
Барови: лоби бар отворен 24 часа, бар на базен (10:00-24:00), Диско бар (23:30-02:00)
Капацитети:
Хотелот ги нуди следните услуги: мини клуб за деца, детски игралишта за деца,мини диско, тобоган, отворен базен за возрасни и деца, анимации, аква парк,салон за убавина, рент а кар, повеќе јазичен персонал, здравствени услуги, бизнис центар, библиотека, турска бања, сауна, фитнес центар, пикадо, пинг понг, одбојка, чадори и лежалки, крпи, WiFi интернет, сеф.
Услуги со доплата:
Спортови на вода, спа и велнес центар, салон за убавина, различни третмани  за лице и тело, маникир, педикир, перење, интернет кафе, масажа, билијард, изнајмување на автомобили, медицински услуги.

ALL INCLUSIVE

КОНКРЕТНИ ИНФОРМАЦИИ И КАЛКУЛАЦИИ ЗА АРАНЖМАНОТ ПОБАРАЈТЕ ВО НАШАТА АГЕНЦИЈА ИЛИ НА (INFO@MIGTRAVEL.MK )