Водоча, Вељуса, Смоларски водопади и Струмица

Водоча, Вељуса, Смоларски водопади и Струмица

06:45 Состанок на групата пред спортска сала Младост.

7:00 Поаѓање кон с.Смоларе. По искачени илјада чекори, триста скалила и 650 метри надморска височина пристигнувате до едно совршено место кое со зборови не се опишува, Смоларскиот водопад.

До таму се стигнува по соодветно изградена патека, со дрвени скалила и дрвена ограда која започнува од селото Смоларе и води сè до самиот водопад.

Смоларскиот водопад се смета за најголемиот и единствен постојан водопад во Македонија, кој постојано има пад на водата од дури 39,5 метри височина.

Посета на двата манастири Водоча и Вељуса кои се наоѓаат во непосредна близина на Струмица.

Поаѓање за Струмица во попладневните часови и индивидуален ручек.

Враќање за Битола во вечерните часови.

  • Цена на екскурзијата: 500 ден

Цената вклучува:

  • Превоз со модерен климатизиран туристички автобус по програмата
  • организација и водство на аранжманот со лиценциран водич – придружник
  • За овој аранжман важат општите услови за реализација на патување на Т.А МИГ ТРАВЕЛ