Хотел СЛАВИЈА и ПОПОВА ШАПКА

Хотел СЛАВИЈА и ПОПОВА ШАПКА

Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.

ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово, располага со два хотела “Попова Шапка” и “Славија” кои се наоѓаат на 1707 и 1780 м. надморска височина. Скијачкиот центар Попова Шапка е поврзан со локален асфалтен пат од Тетово во должина од 18 км. кој во редовно се одржува.

Хотел ПОПОВА ШАПКА  е хотел од “Б” категорија, се наоѓа покрај самите скијачки терении и располага со 53 соби (двекреветни, трикреветни и четирикреветни) . Сите соби се со сопствена бања. Вкупниот капацитет е 190 гости.

Хотелот располага со ресторан, аператив бар, ТВ сала, диско клуб, продавница, сервис за изнајмување на ски опрема, билијард, пинг-понг клуб, забавни игри и др.

Дополнителн информации:

Користење на еднокреветна соба се доплаќа 150ден на ден

Цените се изразени по лице на ден

Во цената е вкалкулирана дневна туристичка такса по 40ден , осигурување и ддв.

За деца до 12год-државјани на МК, не се наплаќа туристичка такса, само за Странски државјани во висина од 40мкд.

Хотелите располагаат со сопствен и бесплатен паркинг

Цените се изразени во денари, сите услуги во хотелот се наплаќаат во денари.

Попусти:

Деца до 4год – кои не користат услуги за сместување и храна – бесплатно.

Деца од 5-12год кои користат услуги на сместување и ресторански – попуст од 30%

Деца од 5-12год кои користат само помошни услуги за сместување попуст од 70%