Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле.
Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м.
Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам.
Хотелот располага со двокреветни соби, апартмани и претседателски апартман и истиот располага со базен, сауна, фитнес сала и спа услуги
ЦЕНИ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2020
BB – 23 евра по лице на ден во двокреветна / трокреветна соба;
HB – 28 евра по лице на ден во двокреветна / трокреветна соба;
FB – 33 евра по лице на ден во двокреветна / трокреветна соба;
-Доплата за еднокреветна соба + 50%;
-Деца до 5.99год се гратис;
-Деца 6- 11.99год плаќаат – 50 % од цената;
Доплата за сауна – 5еур
Политика на отказ:
До 40 дена пред пристигање – без пенали
Од 40-30 дена пред пристигање – корисникот плаќа 30% од услугата
Од 30-15 дена пред пристигање – корисникот плаќа 50% од услугата
После 15 дена пред пристигање – корисникот плаќа 85% од услугата