Хотел ШАТОР Битола

Хотел ШАТОР Битола

Хотелот Шатор (3 ѕвезди) ***  е прилагоден и амбиентално е вклопен во надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Несекојдневната архитектонска замисла во просторот на проектантот и дизајнерот на сите гости им овозможува со престојот во хотелот секој посетител да ја почувствува топлината и душата на објектот во сите делови.Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од планината Баба и Националниот Парк Пелистер, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој секако дека нема да ве остави рамнодушни.

Она што секако го издвојува хотелот Шатор од останатите објекти во нашата земја и регионот се топлината, мирот и спокојството кои уште од првото доаѓање и првиот остварен контакт го пленат срцето и душата на секој гостин добронамерник. Ведрата насмевка и традиционалната гостопримливост на домаќините и на сите вработени во комбинација со недопрената природна убавина, со раскошот на бои и мириси и можноста за прошетки по многубројните пешачки патеки, видиковци, велосипедски тури, етно посети, еко екскурзии и алпинистички рути го исполнуваат чувството на секој посетител дека се наоѓа на вистинското место каде што може да доживее активен одмор во природа.

Цените се изразени во денари по соба за неведениот број на лица

Во истите е вклучен ддд и туристичка такса

•                 Пансионски ручер или вечера –  430 денари

•                 Дневен престој до 18ч (класик соба) – 1599 денари

•                 Дневен престој до 18ч (комфорт соба) – 1845 денари