Велигден /Први Мај во Саранда, Албанија

Велигден /Први Мај во Саранда, Албанија

Велигден /Први Мај во Саранда, Албанија 30.04-03.05  2021

Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население.
Во последните години градот брзо се развива а особено туризмот.
Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа. По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ.
Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

 

      

1 ден: 30.04.2021-Петок.Поаѓање за Саранда од Битола , на паркингот Спортска сала во 04.00 ч. со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан  низ Албанија по новиот автопат до Валона. Пристигнување во Саранда  во претпладневните часови, сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3*. Слободно време за разглед на градот.  Ноќевање.

 

2 ден: 01.05.2021-Сабота Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за факултативна организирана  прошетка до Дрвениот град Бутринт (грчки: Βουθρωτό , албански: Butrint) (ФАКУЛТАТИВНО). Враќање во хотелот . Ноќевање.

 

3 ден: 02.05.2021 Недела Појадок. Ден за слободни активности  и одмор. Можност за организирана  прошетка до природниот феномен наречен „Сино око“ или „Syri i kaltër“ (ФАКУЛТАТИВНО). Враќање во хотелот . Ноќевање.

 

4 ден: 03.05.2021 Понеделник.  Појадок. Во 10ч. напуштање на собите и заминување  во посета на Ликурешката  тврдина. Во 12ч. заминување за  Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечери  часови.

 

ЦЕНА: 109 евра (6.758 денари)                       -10%  ЗА УПЛАТА ДО 15.04.2021

 

  • Еднокреветна соба   129 Еур.
  • Деца 2 -12 години   69 Еур.
  • Трет возрасен  79 еур.
  • Сопствен превоз  -20 Еур од цената.

 

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел  Kalemi’s Beach and Hotel 3* во Саранда на база 3 ноќевања со појадок
  • Туристичка такса
  • Посета на Ликурешката  тврдина
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Трансфери останати градови    (10 Еур)
    Факултативнa посетa  на Бутрин      (7еур)
    Факултативнa посетa   „Сино око“ или „Syri i kaltër“     (5еур)
    Патничко осигурување
  •  

Хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3*  сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу  1,3 км од центарот на градот Саранда. Секоја соба е климатизирана (во цената), ТВ,  современо купатило опремено со када или туш, крпи.  Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна.

Неколку топ знаменитости кои не смеете да ги пропуштите (ФАКУЛТАТИВИ)

 

1.Дрвениот град Бутринт (грчки: Βουθρωτό , албански: Butrint)
Овој антички локалитет е хеленистички град кој датира од праисторискиот период.
Митолошки е познат по тројанскиот принц Енеја, кој по неговото патување од Троја, го посетил овој град.На ова место тој се сретнал со Андромаха (жена на принцот Хектор) и Хелен. (45 мин во правец)

 

2.Ѓирокастро (грчки: Αργυρόκαστρο, албански: Gjurokastër) е мало гратче во близина на Саранда, со околу 30.000 жители вклучувајќи го и грчкото население. Името на градот потекнува од грчки зборови, што во превод значат “сребрена тврдина”.
Градот е центар на Власите во Албанија.
Специфично за ова мало гратче е неговиот изглед, тоа е како недопрено од османлискиот период, при што целосниот изглед од тоа време е сеуште зачуван.         (1ч и 15 мин во правец)

 

3.Ликурешката тврдина  се наоѓа токму над градот Саранда. Од таму ќе имате можност панорамски да ја видете убавината на Саранда, чудото на природата познато како, Изворот-“плаво око ” , длабок околу 50 м,  и Манастирот  40 Маченици  кој е патрон на градот.
Оваа тврдина има квадратна форма со две кули. Во почетокот, објектот служел за иследување на морето. Денеска, објектот претставува туристика атракција на Албанија, и во самиот склоп на објектот се наоѓа ресторан.                                                                                   (15 мин во правец)

 

4. „Сино око“ или „Syri i kaltër“  на околу 20 km оддалеченост од центарoт на Саранда на западната падина на планината Мали и Ѓере ќе го пронајдете природниот феномен наречен  „Сино око“ или „Syri i kaltër“, кој претставува извор длабок околу 50 метри под земја низ кој постојано без престан извира кристално чиста вода со брзина од околу 18.4 l/s. Водата е толку многу чиста што, верувале или не, може дури и да ја пиете доколку сакате. „Синото око“ е природен резерват обвиен со дабови дрвја и горски бели јавори, чиј продорен мирис се меша со бучното тиркизно синило.

Сите оние кои се подготвени за малку авантура може слободно да се нурнат во длабокиот извор или мирно да запливаат по водата која претставува главен извор на реката Бистрица. Патем, тоа е единствената река во земјата која се влева во Јонското наместо во Јадранското Море.   (35 мин во правец)

 

ВАЖНО : Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ. Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж. Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

 

НАПОМЕНА!!!!    За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници          

Т.А. С-Травел  го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

                              Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ , и МИГ ТРАВЕЛ