САРАЕВО – МОСТАР – ТРЕБИЊЕ 04.11-08.11.2021

You are currently viewing САРАЕВО  –  МОСТАР  –  ТРЕБИЊЕ 04.11-08.11.2021

САРАЕВО  –  МОСТАР  –  ТРЕБИЊЕ


04.11.2021 (петок ) Прв ден: БИТОЛА – Состанок на групата на градската автобуска станица во 16:00 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 16:30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак… ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
05.11.2021 (сабота) Втор ден: САРАЕВО – Пристигнување во Вишеград во раните утрински часови. Можност за Крстарење по Дрина (препорака! ). Крстарењето започнува од Мостот на Дрина и завршува на Камен Град. Пауза за кафе и разглед на Камен Град – изграден од Емил Костурица. Потоа заминување за Сараево .  Пристигнување во Сараево во пладневните часови… Панорамски разглед на градот со стручен водич и пешачка тура – Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, изворот на реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта… Слободно време за шопинг низ Баш Чаршија. Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија или посета на ресторан со музика. Ноќевање.
06.11.2021 (недела) Трет ден : САРАЕВО – ВИСОКО  Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на Босанските Пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистеријата на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето во Високо, Босна и Херцеговина, е најголемата пирамида во светот, поголема и од грандиозната Кеопсова Пирамида. Повеќе од 10 години Босанските Пирамиди ги посетија милиони туристи. Ова е вашата шанса да ги посетите и да ја почувствувате енергијата на најстарите пирамиди во светот. Денес редовен посетител е Новак Ѓоковиќ. Потоа заминување за Сараево и посета на Тунелот на Спасот . Враќање во хотелот . Слободно време или факултативна посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање.
07.11.2021 (понеделник) Четврт ден: КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР  Појадок. По појадокот заминување за Јабланица. Посета на Мостот на Неретва и Музејот на ранетите во Јабланица. Потоа заминување за Титовиот Бункер. Титовиот бункер – познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити југословенскиот претседател, како и 300 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад… АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава… Патувањето продолжува за Мостар – најважниот град во Херцеговина… Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
08.11.2021 (Вторник) Петти ден – ТРЕБИЊЕ – МАКЕДОНИЈА  Појадок. Разглед на старата Катедрала во Мостар, Камениот Мост, старата чаршија, Камениот мост (16 век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија. Потоа Заминување за Требиње – градот на сонцето… слободно време за индивидуален разглед на градот… Поаѓање за Македонија во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    6.900,00 денЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација,
Панорамски разглед и пешачка тура во Сараево и Мостар со локален водич
Организација и водство на групата со лиценциран водич
Разглед на Сараево со стручен водич, 2 НП (шведска маса) во Сараево хотел со 3 или 4** и една ноќ во Мостар НП
Организирани ТРАНСФЕРИ – без надомест од Струга, Охрид, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици…
Посета на „Тунел Спаса“ и Пирамидите  25 евра
Влезници и водичи за посета на Титовиот Бункер и Музејот на Неретва 30 евра
Крстарење по Дрина 5 евра
Патничкото осигурување (160,00 ден. по лице), Вечера во национален ресторан
НАПОМЕНА !!!  За влез во БиХ е потребен негативен ПЦР тест или Сертификат за примени 2 вакцини. Тестот за Македонија чини 10 евра истиот ќе биде направен во хотелот.

Програмата е лекторирана од лектор Христијан Аџиоски