Сараево е најголемиот и главниот град на Босна, град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. По неговите улици може да се видат и цркви и џамии, и модерни трговски центри, и стари рушевини кои сведочат за војната во Босна.
Програма
1
Ден 1: 07.12.2023 (четврток)
-
- Состанок на групата на Дрводекор во 21:30ч од Скопје и поаѓање во 22.00 часот од Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и цариснки формалности.
2
Ден 2: 08.12.2023 (петок)
-
- Првото место кое што ќе го посетиме е Вишеград — град што се наоѓа во котлина долж течението на реката Дрина, во источниот дел на Република Српска (БиХ). Во градот се наоѓа мостот опишан во книгата на Иво Андриќ – „Мостот на Дрина“, изграден од Мехмед Паша Соколовиќ. Слободно време за одмор и прошетка. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Следува разглед на градот со локален водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, џамијата Гази Хусрев Бег и Царската џамија, Башчаршија – Старата турска чаршија која датира од 15-от век, мостовите… По разгледот се упатуваме кон хотелот. Се сметуваме. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка. Во вечерните часови можност за посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање.
3
Ден 3: 09.12.2023 (сабота)
-
- По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.
-
- Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со локален водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање.
4
Ден 4: 10.12.2023 (недела)
-
- По појадокот, се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Босанските пирамиди на Височица во близина на босанскиот град Високо, северозападно од Сараево. Пирамидата Сонце во Високо е стара 29.000 години, и со тоа е најстарата пирамида во светот. Местото станало интересно за светската јавност во 2005 г. кога локалните власти објавиле дека се работи за пирамиди изработени од човечка рака.
-
- И покрај упорните напори на главниот двигател на проектот, д-р Семир Османагиќ, огромен дел од стручната јавност во светот тврди дека тоа се сосема природни геолошки образби и дека нема никакви докази за човеково вмешателство во планината. По разгледот, во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Македонија.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 129 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на дадената релација
– 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*во Сараево
– Разглед на Сараево со локален водич
– Посета на Вишеград
– Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
– Босански пирамиди – 25 евра
– Туристичка такса 2 евра по лице
– Патничко осигурување
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 50 евра по лице (со резервација во агенција)
НАПОМЕНА:
– За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
– Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел и ТА. МИГ ТРАВЕЛ