САРАЕВО 23 ти ОКТОМВРИ

You are currently viewing САРАЕВО 23 ти ОКТОМВРИ

23 ти ОКТОМВРИ

ПРВ ДЕН (21.10.2021) ЧЕТВРТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Битола 18:00 часот, Скопје е околу 20:00 часот но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН (22.10.2021) ПЕТОК

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.

По посетата на Вишеград, автобусот продолжува со возење до Сараево каде групата се сместува во хотел. Во хотелот во Сараево групата одмара од патувањето, а по паузата во програмата е предвидено да се посети „Тунел Спаса“. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите.

Патниците кои нема да се одлучат за факултативата, остануваат во хотел и во договореното време заедно со останатите кои ќе ја искористат факултативата продолжуваат во разглед на Сараево. Во Сараево следува разглед на градот со локален водич а по разгледот групата има слбодно време за индивудуални прошетки, по што во договореното време се враќа во хотелот. Денот завршува со ноќевање  во хотелот.

ТРЕТ ДЕН (23.10.2021) САБОТА

Третиот ден започнува со појадок во хотелот, кој по појадокот се упатуваме на целодневен излет. Во нашата програма за третиот ден се предвидени факултативни излети како:

Првото место за посета е “Бункерот на Тито„ во местото Коњиц. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Екскурзијата продолжува кон Јабланица која не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Денот го завршуваме со посета на преубавиот Мостар. Се посетуват стариот мост каде можете да ги направите најубавите фотографии, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански ќебапи.

По исцрпната тура, групата се враќа во Сараево, доколку има интерес може да се организира дружба или ноќно излегување. Денот завршува со ноќевање во хотелот.

ЧЕТВРТИ ДЕН (24.10.2021) НЕДЕЛА

Четвртиот и последниот ден започнува со појадок во хотелот, по што следува одјавување од истиот и заминување кон граница. Првата пауза ќе ја направиме во  Дрвенград (Србија) едно доста интересно и филмско градче во кое верувајте ќе уживате. Слободно време за ручек и продолжување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 25.10.2021

 

Промо Цена – 89 ЕУ

Редовна цена – 99 ЕУ

Во цената е вклучено

  • Сместување во хотел– Сараево / 2 ноќевања со појадок
  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
  • Tуристички придружник за време на целото патување
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Посета на Вишеград
  • Посета на Дрвен Град

Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса до 2 евра која се плаќа задолжително во автобус

ФАКУЛТАТИВА – 45 еу пакет

Босански пакет (Посета на Тунел Спаса, Бункер Тито, Јабланица и Мостар, Врело Босне)

Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.

 

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.