САНТОРИНИ 2020

САНТОРИНИ 2020

S A N T O R I N I

Монденски, незаборавен, традиционален…остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини! Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на Кикладскиот Архипелаг. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови. Овој аранжман на т.а.ПАЛАС со 6 дена/5 ноќевања е сосем доволен да Санторини ги освои Вашите срца…

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1.ДЕН : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 17.00 часот. Поаѓање за
Грција во 17.15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2.ДЕН : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време
за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.25 часот (локално време). Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Трансфер од пристаниште до Камари. Сместување во хотел. Ноќевање.

3.ДЕН до 6.ДЕН : САНТОРИНИ Слободно време за одмор или уживање на некоја од прекрасните
плажи на островот…Kamari, Perissa, Vlyhada, Red Beach (Acrotiri), White Beach, самостојно истражување на овој прекрасен остров, или имате можност за користење на некој од факултативните излети кои ќе Ви се понудат од страна на придружникот на патувањето или нашата партнер-агенција во Камари…истите ќе ги најдете подолу во оваа програма.

7.ДЕН : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно
време се до времето закажано за трансфер од истиот до пристаниште, каде имаме чекирање и сместување на фери. Поаѓање од Санторини во 15.25 часот. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 20.400,00 денари ( 329 €)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Превоз (автобус или минибус) на горенаведената релација, 5 ноќевања во хотел со 3* во Камари (сместување во студиа, опремени со кујна, ТВ, ТВЦ, балкон), трансфер со фери брод на релација Пиреа- Санторини-Пиреа, трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште, пратител на група, организација – водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (210,00 денари по лице).

ДОПЛАТИ :
– Доплата за еднокреветна соба : 100 € (6.180,00 ден.)
– Прво дете во 1/2 студио, до 7 год. кое не користи кревет, а е со 2 возрасни лица – плаќа : 204 € (12.650,00 ден.)
– 2 деца до 7 год. во 1/3 студио, а се со 2 возрасни лица, плаќаат 50% од цената за возрасни.
– Доплата за појадок : 5 € по лице на ден (се плаќа на лице место, т.е. на рецепција)
– Доплата за трансфер на патници од : Скопје, Велес, Струга, Охрид, Кичево – 10 € по лице.
НАПОМЕНА :
– Сместувањето е во 1/2 и 1/3 студиа (опремени со кујна, ТВ, ТВЦ, WI-FI, клима и балкон).
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 14 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– При резервација, обавезна уплата од 30% од аранжманот, додека остатокот се уплаќа 10 дена пред поаѓање.
– За аранжман со СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, цената се намалува за 140 € (8.680,00 ден.)
Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. МИГ ТРАВЕЛ и СКТМ

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ :
САНТОРИНИ – ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ СО АВТОБУС НИЗ ОСТРОВОТ (КОПНЕНА ТУРА) – € ПО ЛИЦЕ
Полудневна екскурзија, разглед на островот со стручен водич…Посета на локацијата на археолошкиот град Акротири, каде можете да погледнете и научите фасцинантни факти за егзистирањето на Миноанската цивилизација на овие простори…посета на музејот на отворено (влезница на каса за оние кои сакаат да влезат во музејот – 10€), посета на т.н.
ЦРВЕНА ПЛАЖА, Манастирот Profitis Ilias (Св.Пророк Илија – со попатна посета на Пиргос), кој се наога на највисоката точка на островот, каде ќе имате можност да направите прекрасни фотографии, посета и прошетка низ главниот град – Фира, со слободно време за индивидуални активности, фотографирања и сл…Разгледот завршува со посета на монденското OIA и присуство на незаборавен залез на сонцето…враќање во хотел.
САНТОРИНИ – ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА – КРСТАРЕЊЕ СО БРОД – € ПО ЛИЦЕ
ЕДИНСТВЕНО ДОЖИВУВАЊЕ ! Организирано со автобус се упатуваме на пристаниште. Трансфер на брод (Kaiki)…следи крстарање покрај Калдерата и посета на новиот вулкан – ПЕС од каде што се гледаат сите седум кратери (влезница за влез на ПЕС за оние кои сакаат да се качат до кратерите – 2,5 €). Можност за капење во термалните топли извори на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за прошетка, кафе пауза индивидуален ручек во некој од таверните кој се наоѓаат на само море. Враќање на пристаниште. Трансфер до хотелот.
G. KOUTSOYANNOPOULOS WINERY & WINE MUSEUM – € ПО ЛИЦЕ
Трансфер од хотелот до винаријата. Посета на најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција –
G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година…се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации и восочни фигури) презентации за историјата и начинот на произведување на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По разгледот на винаријата следи дегустација и презентација од страна на дегустатор на четирите најпознати вина произведени во таа винарија, можност за купување на вино по ваша желба по цени со попуст кој ги одобрува винаријата. Враќање во хотел.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО – хотел АЛИА ( www.aliasantorini.com )
Хотелот се наоѓа на околу 400 м. од прекрасната вулканска плажа во Камари, класичен 3* хотел, кој располага со 1/2 и 1/3 хотелски соби и студиа. Студиата располагаат со кујна, ТВ, ТВЦ, кима и балкон. Хотелот располага со откриен базен, џакузи, лежалки околу базенот и pool-bar…

– ТЕРМИНИ на ПОАЃАЊЕ :
11.07.2020; 21.07.2020; 31.07.2020;
НАПОМЕНА : Наведените датуми се однесуваат на датумот на ПОАЃАЊЕ од Македонија, услугата започнува НАРЕДНИОТ ден.