САНТОРИНИ-ВЕЛИГДЕН

You are currently viewing САНТОРИНИ-ВЕЛИГДЕН

Монденски, незаборавен, традиционален…остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини! Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика Калдера. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина Меса Воуно.Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.

 

Програма

 

1 ден (21.04.2022– Четврток) БИТОЛА – АТИНА (ПИРЕА)
Состанок на групата на градската автобуска станица во 17:00 часот. Поаѓање за Грција во 17:15 часот… се патува преку г.п. Меџитлија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) кон Атина/ Пиреа.
2 ден (22.04.2022– Петок) ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на фери. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот…пловидба кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот, следи трансфер од пристаниште до хотел – сместување во хотел во Камари. Време за краток одмор и релаксација. Околу 21.00 часот – следи факултативна посета на најсветото место на островот Пиргос каде на Велики петок се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности.
Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден (23.04.2022 – Сабота) САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот…археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)…посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли – Калдера. Во вечерните часови посета на најмонденското селце OIA…можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдерата од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали – враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден (24.04.2022 – Недела) САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден (25.04.2022 – понеделник) САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на на најубавата и единствена од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното.
Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес.
По посетата на винаријата следи слободно време во Фира и околу 14.00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

Цена на аранжманот:  11.720,00 ден. (189 €) – за целосна уплата до 12.03.2022) !!!
Редовна цена: 12.960,00 ден. (209 €) 

Во цената на аранжманот Е вклучено:
Превоз со високо туристички автобус на релација Битола – Пиреа – Санторини – Битола;

3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Камари;
Фери карта : Пиреа – Санторини – Пиреа;
Трансфер (пристаниште – хотел – пристаниште (на Санторини);
Трансфер на патници без надокнада од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес и Скопје,
Организација и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Патничкото осигурување;
Факултативи по програмата;

Влезници за музеи и локалитети;
Посета на Пиргос (превоз + локален водич) 5 € по лице;
Целодневен разглед/екскурзија на островот (превоз + локален водич) 35 € по лице;
Крстарење со брод + вулкан  35 € по лице;
Посета на винарија (резервација + превоз + влезница + и дегустација на вино) 20 € по лице;

Доплати:
Доплата за еднокреветна соба : 45 € (2.790,00 ден.)

Дете до 2 години, плаќа само автобуски превоз  40 €/2.480ден.
Прво дете до 6,99 г., а не користи кревет – спие со родители, плаќа само бус превоз + брод 140€/8.680,00 ден
Дете дете до 11,99 г., плаќа 80% од вкупната сума на аранжманот.
Туристичката такса (4 € по лице за целиот престој) се плаќа на лице место

Напомена:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Потребни COVID – документи за влез во Грција :
Негтивен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Грција (правило кое е моментално на сила)

Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Грција
Сертификат за примени минимум 2 дози на вакцина и тоа од следните производители :
Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca, Sputnik, Synovac & Sinopharm)
Сертификат за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Грција)

 

 

 

Услови и информации

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот
Доколку дојде до „виша сила“ и нереализaција на патувањето (поради новонастанати ситуации кои агенцијата или патникот не можеле да ги предвидат), уплатените средства ќе бидат вратени на патникот
Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување
За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Последен рок за пријавување : 10.04.2022 !!!
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Р.Грција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до градовите од каде што се патниците.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. МИГ ТРАВЕЛ