САНРЕМО И АЗУРЕН БРЕГ – 24-ТИ МАЈ

You are currently viewing САНРЕМО И АЗУРЕН БРЕГ – 24-ТИ МАЈ

Велосипедските патеки на прекрасното лигурско крајбрежје, познатите казина и културните настани го прават Санремо една од најатрактивните дестинации во Италија. Познат e како “град на цвеќето” поради неговото ценето производство на цвеќиња и расадници. Најстариот дел на Санремо се состои од кривулести, тесни улички кои водат према врвот на ридот кој е крунисан со црква. Туристичка атракција е прекрасната Руска православна црква со купола, изградена од богати емигранти во раните 1900-ти. Казното е едно од најпознатите знамнитости во градот, блескава бела палата со голем број опции за оние кои сакаат да ја пробаат среќата со задолжителен дрес код. Опуштете се во големи хотели, истражете ги прекрасните медитерански пејзажи и уживајте во Азурниот брег.

Програма

1

ДЕН 1 – 20.05.2022 – ПЕТОК- СКОПЈЕ-САНРЕМО
    Состанок на групата во 11:30 ч. на Дрводекор, поаѓање во 12:00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија према Италија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2

ДЕН 2 – 21.05.2022 – САБОТА – САНРЕМО
    Пристигнување во монденското Лигуриско летувалиште на пладне. Сместување во хотел. Санремо е омилена дестинација за одмор за многу туристи. Овој бисер на Италијанскиот брег, сместен во подножјето на Лигурските планини, имал големо значење уште од античко време. Кога оваа убавина ќе се надополни со мирисот на цвеќињата од околните ридови и звуците на италијанските канцони и морски бранови, се добива романтично одморалиште со светско реноме. Слободно време за одмор и уживање. Во вечерните часови следува прошетка со водич и запознавање на градот: Руската црква, казиното, Корзото Матеоти, театарот Аристон – место каде се одржува музичкиот фестивал, стариот дел на градот – Ла Пиња. Слободно време. Ноќевање.

3

ДЕН 3 – 22.05.2022 – НЕДЕЛА – САНРЕМО-КАН-ГРАС-САН ПОЛ ДЕ ВАНС-САНРЕМО
    Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за организирана факултативна посета на Азурен брег и Прованса со посета на: Кан, Грас и Сан Пол Де Ванс. По појадокот, заминување кон Кан, град познат по филмскиот фестивал, луксузните хотели, прекрасната долга песочна плажа и шеталиштето – Кроазет. По пристигнувањето, разглед на ова модерно место: пристаништето, Палатата на филмскиот фестивал, шеталиштето, Српската улица, Хотел Карлтон…Слободно време. Патувањето го продолжуваме кон Грас, град познат по бескрајните полиња со лаванда и рози. Разглед на фабриката за парфеми, посета на една од најстарите парфимерии, запознавање со традиционалниот процес на производство на парфеми и козметика и можност за купување производи по фабрички цени. Во попладневните часови поаѓање за Сан Пол де Ванс, едно од најубавите бајковити места во живописната Прованса. Сан Пол де Ванс има совршена панорамска позиција, средновековна тврдина со бројни продавници за сувенири и галерии и поглед на живописните пејзажи кои го опкружуваат. Мирисните полиња со лаванда, лозја и маслинови насади беа инспирација за многу сликари: Матис, Хуан Миро, Шагал, Пикасо… По пристигнувањето во Сан Пол де Ванс, прошетка низ стариот град и слободно време за купување сувенири и индивидуални активности. Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

4

ДЕН 4 – 23.05.2022 – ПОНЕДЕЛНИК – САНРЕМО-НИЦА-МОНАКО-МОНТЕКАРЛО-САНРЕМО
    Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за организирање факултативно патување до Азурниот брег со посета на: Ница и Кнежеството Монако (Монако и Монте Карло). Поаѓање за Ница, наречена кралица на Азурниот брег. Ница е еден од најатрактивните туристички центри во Европа, најголемиот град и административен центар на јужна Франција. Познат по својата азурно сина боја на морето, долгите плажи, англиското шеталиште, бујните градини, луксузните хотели. Ница има долга и интересна историја, бројни музеи, паркови, видиковец, стар град со тесни испреплетени улици, продавници за сувенири, ресторани и трговски области. По пристигнувањето, панорамски поглед на Ница: Заливот на ангелите, Англиското шеталиште, хотелот Негреско, плоштадот Масена, Градините на принцот Алберт, шопинг улицата Жан Медисан, стариот дел на градот, Палатата на правдата, видиковец. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови, патувањето го продолжуваме по Азурниот брег до Кнежеството Монако и обиколка на втората најмала земја во светот. Разглед на Монако: океанографски музеј, ботаничка градина на принцезата Грејс, црквата Св. Никола, каде што се крунисани сите владетели на Монако и во чии крипти почиваат принцезата Грејс Кели и принцот Рени III, Тврдината на Монако, Палатата на принцот… Слободно време. Возење по дел од патеката Формула 1 , покрај пристаништето Монте Карло каде се закотвени најлуксузните јахти во светот. Разглед на Монте Карло: плоштадот Монте Карло, Гранд Казино Монте Карло, опера, луксузниот хотел Ле Пари, Казиното Ле Пари. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

5

ДЕН 5 – 24.05.2022 – ВТОРНИК – САНРЕМО – СКОПЈЕ
    Појадок. Напуштање на хотелот и пакување работи во автобус. Слободно време во Санремо до попладневните часови за да искористите малку повеќе време за поминување во овој шармантен, медитерански град. Поаѓање за Македонија во договореното време. Ноќно возење.

6

ДЕН 6 – 25.05.2022 – СРЕДА
    Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА 
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 20.04.2022

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– 
Превоз со удобен туристички автобус

– Сместување на база 3 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел со 3* во Санремо
– Организација и пратител за време на патувањето
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес, Штип, Тетово, Куманово

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– 
Патничко здравствено осигурување
– Задолжителна градска комунална такса за Санремо и околината (се плаќа на рецепција во хотелот) – за престој во хотели со 3 * – 0,75 € на ноќ / по лице– – Индивидуални трошоци
– Доплата за 1/1 соба 60 еур

ФАКУЛТАТИВНИ ЕСКУРЗИИ:
– Посета на Кан – Грас – Сен Пол де Ванс: 45 € – деца до 12 години. 25 €
– Посета на Ница – Монако – Монте Карло: 40 € – деца до 12 години. 20 €
Цена за пакет со попуст: 80 €

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.

– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Услови за влез во Италија:
 Две дози вакцина (Pfizer, Moderna, Astra Zeneca, Johnson&Johnson) не постара од 6 месеци, или да поседуваат бустер доза или сертификат за прележан ковид
– Две дози кинеска вакцина или Sputnik (овие патници дополнително треба да поседуваат и негативен антиген тест не постар од 48 часа)
– Сертификат за прележан ковид (не постар од 6 месеци)
– Антиген тест не постар од 42 часа
– За деца од 0-5.99 години за влез во Италија не е потребен ниту тест, ниту вакцина
– За деца од 6-11.99 години за влез во Италија потребен е антиген тест или сертификат за прележан ковид
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Т.А Миг Травел