Меѓународен саем за автомобили во Белград, 2020 година

Меѓународен саем за автомобили во Белград, 2020 година

Меѓународен саем за автомобили во Белград

20.03 – 22.03.2020 / ноќевање со појадок

 

1 ДЕН – 20.03.2020 Петок, Битола – Белград

Состанок на групата на пероните на  Автобуската станица Транскоп во Битола, во 22:30 часот. Поаѓање за Србија во 23:00 часот. Ноќно патување со кратки попатни паузи. Патот води кон Куманово, Врање, Лесковац, Ниш…

 

2 ДЕН – 21.03.2020 Сабота, Белград

Пристигнување во утринските часови во Белград. Посета на саемот од 10:00 до 13:00 часот. Панорамско разгледување на градот: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Мостовите на Сава. Слободно време за прошетка, шопинг и кафе во некој од локалитетите на улицата „Кнез Михајлова“ и посета на тврдината „Калемегдан“. Пријавување и сместување во хотелот – брод „Compass River City Boatel“ на реката Дунав. Во близина на хотелот се наоѓа познатиот трговски центар „Usce“. Можност за индивидуална посета на трговскиот центар. Препорачуваме посета на некој од сплавовите во близина за вечера или пијалок на реката Дунав. Ноќевање.

 

3 ДЕН – 22.03.2020 Недела, Белград – Ниш – Битола

Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на ИКЕА. Слободно време за шопинг. Потоа се упатуваме кон градот Ниш, проследено со попатни паузи. Пристигнување во градот Ниш. Индивидуален разгледа на градот, турската тврдина во центарот, плоштадот „Цар Милан,“ трговскиот центар „Forum“, „Казанџиското сокаче“ кое е дел од првата стара чаршија во градот. Препорачуваме посета на „Казанџиското сокаче“, каде што има ресторани со традиционална храна(одлична скара) и прекрасни кафетерии. Ручек (индивидуално). Поаѓање за Битола.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 70 евра (по лице)